ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ „КРЧКА“ ВО „МАКСТИЛ“ - ќе се купува значајна опрема за девет милиони евра, еве што ќе набави компанијата
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2023 08:14
Челичниот гигант во земјава „Макстил“ ќе инвестира големи пари, а за тоа ги извести и инвеститорите преку Македонската берза.
Оваа наша компанија ќе вложи дури девет милиони евра во набавка на нова многу значајна машина, а тоа е Странична ножица за лим.
Станува збор за голема зделка, за која ќе се гласа на претстојното Собрание на акционери кое ќе се одржи на 10 јули оваа година, но со оглед на фактот што Макстил има единствен доминантен сопственик, е прилично извесно дека одлуката ќе биде донесена.
А, за да ја набави оваа значајна опрема, компанијата ќе се задолжи со банкарски кредит, односно ќе ја зголеми својата кредитна рамка која ја има кај една од македонските банки.
Притоа, како што појаснуваат и од компанијата во нивната предлог одлука, од овие 9 милиони евра, всушност 6,5 ќе биде самата машина која е предмет на набавката, додека, пак, 2,5 милиони евра ќе бидат искористени за сите додатни трошоци, како што се монтажа, сервис, и други работи кои ќе потребни за да се оспособи и за да профункционира самата инвестиција.
„Се одобрува голема зделка - Проект за инвестиција за Странична ножица за лим, со предложен буџет за негово реализирање во вкупен износ од најмногу 9.000.000 ЕУР (деветмилиони евра) од кои за набавка на опремата - предмет на инвестицијата е наменет износ од најмногу 6.500.000 ЕУР (шест милиони и петстотини илјади евра), а за сите останати дополнителни трошоци кои што се однесуваат на монтажни, сервисни и други работи е наменет износ од најмногу 2.500.000,00 ЕУР (два милиони и петстотини илјади евра)“, се вели во предлог одлуката која компанијата ќе ја стави на гласање на Собранието на акционери кое ќе се одржи кон крајот на јули оваа година.
Откако и Собранието на акционери ќе даде благослов на оваа одлука, натаму работата ќе ја преземат директорите на „Макстил“, кои ќе бидат задолжени за реализацијата.
„Се овластуваат лицата: Димитар Цветковски, Претседател на Одборот на директори, Марија Дуковска-Павловска, Генерален директор и Петар Јанески, Извршен директор, да ги преземат сите дејствија за реализација на Проектот за инвестиција за Странична ножица за лим, како и да ги потпишат сите договори и целата потребна документација“, се вели во предлог одлуката.
Инаку, како што наведуваат од компанијата, се утврдува дека наведената зделка изнесува повеќе од 15 отсто од книговодствената вредност на имотот на друштвото, па од тие причини, согласно Статутот, треба да даде одобрување и Собранието на акционери.
Инаку, на седница која ќе се одржи на 10 јули годинава, Собранието на акционери треба да изгласа и Анекс кон договорот на кредитна рамка што веќе ја има компанијата, што практично ќе значи и дополнително задолжување, како и заложување на недвижен и подвижен имот на компанијата. Или практично, од 29,5 милиони евра колку што сега изнесувала сумата на кредитната рамка, сега таа се зголемува на 34,5 милиони евра. Ќе се продолжи и рокот на траење на таа кредитна рамка, и тоа до крајот на 2035 година.
А, ќе бидат заложени земјиште во Гази Баба, како и Валавница со производна хала, мазутна станица, управна зграда и пумпна станица, потоа, Челичана со производна хала, стрипер хала и управна зграда, потоа процесна опрема во погонот Челичана, Подвижни предмети - опрема за топло валање на лимови во погон Валавница, како и друга опрема, со значајна вкупна вредност.
Инаку, Макстил АД Скопје е компанија која е ориентирана кон челичната индустрија. Врши обработка на челик користејќи ги капацитетите на електропечки за производство на течен челик, леење на челик, топловалани лимови, производство на сурово железо, челик и феролегури, рециклажа на метални отпадоци, трговија на големо со метали и метални руди, трговија на големо со репродукционен материјал, трговија на големо со отпадоци и остатоци.
Инаку, сопственик на „Макстил“ е компанијата Дуферко, која поседува 82,6 проценти од акционерскиот капитал на ова акционерско друштво.
Н.Н.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ХОЛАНДСКИОТ СУД ГО ЗАПЛЕНИ ИМОТОТ НА ОПЕРАТОРОТ НА ТУРСКИ ТЕК: Уште еден напад врз турскиот гасовод
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“
НОВ ПРЕСВРТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - Цените на нафтата растат
ИЗВОЗОТ НА КИНА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - царините ги намалија количините кон САД, но не и во останатите земји
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ
Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна





