20 Декември, 2025
0.0767

Големи кадровски промени во Бирото за јавна безбедност – се поставуваат нови челници во полицијата

Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2013 19:57

Добивај вести на Viber

Нови началници добиваат скопската, тетовската и струмичката полиција. Од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) воведуваат нови сектори на стратешко и регионално ниво. Во однос на кадровските промени, со скопската полиција сега ќе раководи Горанчо Савовски како замена на досегашниот началник Апостол Стојановски. Прв човек на полицијата во Струмица станува Ѓорѓи Божинов, на местото на Марјан Наковски. Промени има и во Тетово каде началник станува Фаредун Зенели. Бирото за јавна безбедност пак ќе биде поделено на шест сектори, што ќе ги раководат помошници на директорот на БЈБ, што значи дека тој добива шестмина помошници. Единицата за брзо распоредување добива нов командат, а досегашниот е назначен за раководител на новиот сектор за посебни единици. „Со реорганизација во БЈБ мислиме дека ќе се обезбедат двата принципа кои беа основа за анализата, а тоа се ефективност и поголема економичност во работењето“, информира денеска директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој посочи дека нема да има нови вработувања, но исто така нема да има бркања од работа или уназадување. Во Бирото за јавна безбедност , кое има околу 10 илјади вработени, за неколку раководни места на интерен конкурс аплицирале повеќе од 400 кандидати. Во однос на новите сектори, сега ќе има сектори за  полициски работи од општа и посебна надлежност, за сообраќајни работи, за криминалистичка полиција, а криминалистичко разузнавање и анализа, за гранични работи, за заеднички работи и управување со човечки ресурси. Исто така се воведува и посебен регистар за соработка со НАТО и безбедност на класифицирани информации.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии