ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2025 13:56
Познати се и
сумата и изворот на големите пари кои влегуваат во ГОБ „8 Септември“. Инвестицијата
ќе биде наменета за модернизација
на хируршкиот оперативен блок, и Одделот за анестезија, реанимација и
интензивна нега на скопската градска
општа болница. Со вложување од 12 милиони евра, пари кои Владата ги пренамени од договорот за
концесија со ТАВ Македонија, оваа здравствена установа ќе добие
подобрени услови за работа, што би можело да биде клучен чекор во
унапредувањето на нејзиниот статус.
За конкретната инвестиција одлуката ја донесе Владата, парите од концесијата на ТАВ ќе се искористат за болница и аеродром
На седница одржана на 21. јануари 2025 година, Владата донесе одлука да ја промени намената на дел од средствата од договорот за концесија со компанијата ТАВ Македонија.
Вкупно 14,7 милиони евра (906,7 милиони денари), кои првично беа предвидени за други инфраструктурни проекти, сега ќе бидат искористени за две значајни инвестиции:
Реновирање и опремување на хируршкиот блок во ГОБ „8 Септември“
– Скопје
За оваа намена ќе се издвојат 12 милиони евра (740.363.679,84 денари). Проектот опфаќа целосна реконструкција и
модернизација на хируршкиот оперативен блок, одделот за анестезија, реанимација
и интензивна нега, како и сите придружни помошни простории во една од
најголемите болници во земјата.
Подобрување на капацитетот за патници во аеродромот „Св.
Апостол Павле“ – Охрид
Наместо првично планираната модернизација и проширување на терминалот,
средствата ќе бидат пренаменети за подобрување на патничкиот капацитет на
аеродромот во Охрид. За оваа цел се издвојуваат 2,7 милиони евра (166.050.000,00 денари).
Одлуката е донесена врз основа на анализа за економската и функционалната оправданост на проектите, а за пренамената на средствата е добиена согласност од концесионерот ТАВ Македонија и матичната компанија ТАВ Авијација.
Дали оваа инвестиција е почеток на реализација на идејата „8 Септември“, многу скоро да има нова, регионална улога?
На почетокот на февруари, здравствените власти најавија дека Градската општа болница „8 Септември“ ќе се реорганизира со цел да стане регионален медицински центар, опслужувајќи пациенти од Скопје, Куманово и Велес.
Плановите вклучуваат отворање на оддели за онкологија и нефрологија, како и зајакнување на лабораториите. Реорганизацијата е планирана да се одвива во фази и да трае најмалку две до три години. Првата фаза, која се очекува да заврши до летото, опфаќа отворање на овие оддели, додека следните фази ќе вклучуваат поголема реконструкција.
Оваа иницијатива е дел од поширокиот план за регионализација на болниците и да се подобри пристапот до специјализирани здравствени услуги во различни делови од земјата. Во овој контекст, министерот за здравство, Арбен Таравари пред пет дена изјави дека градската општа болница во Скопје може во голема мера да придонесе за растоварување на Клиничкиот центар.
-Мислам дека ГОБ „8 Септември„ треба да биде втора клиничка болница во Скопје, меѓутоа треба да се дадат повеќе ингеренции. Мислам дека „8 Септември“треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар, рече Таравари на почетоков на неделава.
Според директорот на ФЗОМ, пак, Сашо Клековски оваа здравствена установа располага со 150 квадратни метри по болнички кревет, што е значително повеќе од Старата градска болница, која има нешто повеќе од 30 квадратни метри по кревет. Оваа просторна предност ја прави „8-ми Септември“ најблиску до стандардите за универзитетска клиника.
Во однос на потребната површина за да стане клинички центар, не е прецизирано колку дополнителни квадратни метри се потребни за ГОБ „8-ми Септември“ да го достигне тој статус. Сепак, според податоците за планираниот клинички центар во Штип, кој требаше да се простира на 34.000 квадратни метри, може да се заклучи дека значителна површина е неопходна за таков комплекс.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
„ИМИЊАТА НА ОВИЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СТАНАТ СИМБОЛ НА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И АЛЧНОСТА“: Зошто треба да се пренесува погребот на жртвите

„БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА, САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!“: Апасев до министерот за внатрешни Тошковски

Таравари најави истрага откако кумановец почина од предизвикана алергија во болница

СЕГА ИСТИОТ ТОЈ ОБВИНИТЕЛ Е НАЗНАЧЕН ЗА ИСПОМОШ ВО ОЈО КОЧАНИ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СМУТИ И ЧИЈА ТРАГА ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНЕ ЌЕ ВИДИМЕ: екс обвинителката Кадриу со скандалозно сведоштво

ВИДЕО: ОВОЈ ФИЛМ СТАНА ТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА КОЧАНИ: Серија страшно потсетува на хоророт во „Пулс“

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ - Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е куршум кој може да убие, само стручни лица смеат да ги организираат

„ВДИШУВАЊЕТО НА ВРЕЛ ВОЗДУХ И ТОКСИЧНИ ГАСОВИ ЈА ПРАВАТ КЛИНИЧКАТА СЛИКА ПОСЕРИОЗНА“: Лекарите очекуваат компликации кај некои од пациентите

ЕВЕ КАКО СРБИТЕ ГИ ПРЕЧЕКУВААТ РОДНИНИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ШТО СЕ ЛЕКУВААТ ТАМУ: „Драги Македонци, се е подготвено, има се што ви е потребно“
