Големиот пад на најмоќната европска економија ги нокаутираше берзите
Објавено во: Економија 06 Февруари, 2019 13:36
Европските берзи се отворени во црвено после загрижувачките податоци за падот на германските фабрички нарачки во декември за 1,6 отсто.
Индексот на водечките германски компании DAX во Франкфурт изгубил 0,3 отсто од вредноста, додека Daimler паднал за скоро 2 отсто, а Дојче банка за 1,5 отсто.
Во Лондон, FTSE 100 паднал за 18 поени, односно 0,3 отсто на 7.158 , далеку од синоќешниот тримесечен минимум.
Онлајн продавницата за прехрамбени намирници „Окадо“ ги предводи „губитниците“ со пад од 5 отсто, откако големиот пожар го погоди нивното складиште во Хемпшир.
Таа компанија ги известила акционерите дека штетата од пожарите е многу поголема отколку што се мислело.
Загриженоста поради здравјето на германската економија раст после големиот пад во производни нарачки кои ги доживеа најголемата европска економија, Германските фабрички порачки во декември паднале за 1,6 отсто поради слабата побарувачка од странство, што е многу полошо од очекуваните 0,3 отсто.
На годишно ниво, порачките биле седум отсто пониски отколку во декември 2017, што е најголем пад од 2012 та. Ваков слаб резултта покажува дека германската индустриска основа се соочува со проблеми со оглед на трговските тензии, забавување на глобалниот раст и вознемиреност околу Брегзит. Германската автомобилска индустрија исто така имала неколку лоши месеци по воведувањето на нов , строги правила во врска со загадувањето.
Можеби ќе ве интересира
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




