14 Декември, 2025
0.0398

Големите сили ќе одлучуваат за слободата на Интернет

Објавено во: Свет 23 Ноември, 2012 14:17

Добивај вести на Viber

Слободата на Интернетот е сериозно загрозена поради претстојната Светската конференција за меѓународни комуникации, која ќе се одржи од 3 до 14 декември во Дубаи во организација на Обединетите нации, предупредува најголемиот светски пребарувач Гугл. Од компанијата информираат дека претставници на владите на земјите-членки на ОН , за време на конференцијата ќе се обидат да усвојат нова спогодба за информирање и комуникација, а некои земји се обидуваат да го преземат надзорот врз техничките делови на мрежата и системот на домеини од американските тела и да го префрлат на меѓународната организација. Гугл побара помош од своите корисници да потпишат на онлајн петицијата против овие измени. Дел од предлозите, кои ќе идат ставени на дневен ред, може да им овозможат на владите да ги цензурираат легитимните говори, па дури и да оневозможат пристап до Интернет. Според други предлози за  сервисите како што се Јутјуб, Фејсбук и Скајп, се најавуваат нови давачки. Од Гугл се велат дека Светската конференција за меѓународни комуникации е погрешно место за донесување одлуки за иднината на Интернетот. Иако агенцијата не ги објавува предлозите на секоја влада пред конференцијата, на сајтот „Wcitlekas“, кој го водат научниците од Универзитетот Џорџ Мејсон е објавен предлогот на Русија, која смета дека САД треба да имаат помала контрола врз Интернетот. Генералниот секретар на ИТУ, Хамдоун Туре претходно ги коментираше начинот на кој ќе функцонира конференцијата и како  новите прописи ќе бидат усвоени. Тој тврди дека ќе се направи обид да се избегне мнозинското гласање, доколку има големи несогласувања околу некои прашања и оти расправата ќе се води во насока на компромис.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск