ГОЛЕМО НЕ: Ние нема да вадиме шкрилци
Објавено во: Свет 03 Октомври, 2017
Шкотската влада одлучила да го забрани фракингот (експлоатација на гас од шкрилци со метода на хидраулично кршење на карпи).
Министерот за енергетика Пол Велхоус најави забрана за контроверзната пракса после долг период консултации.
„Фракингот не може и нема да се одвива во Шкотска“, вели тој.
Додал дека одговорност на владата е да донесува одлуки кои се во најдобар интерес за Шкотска.
„Можам да го пренесам и потврдам заклучокот на владата дека нема да го поддржиме развојот на неконвенционално вадње на нафта и гас во Шкотска“.
Јавни консултации за ова прашање добиваа повеќе од 60 000 одговори од што 99% биле против фракинг.
„Ова е победа за животната средина и за локалните заедници кои се борат против оваа пракса“ е еден од коментарите.
„Науката е јасна. Повеќето резерви на фосилни горива би требало да останат во земјата“, вели министерот.