Големо жариште е Скопје, вели Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Јуни, 2020
Големо жариште е Скопје, вели министерот за здравство, Венко Филипче, и додаде дека се бараат контактите.
Според него, сите други градови се стабилни и има спорадични случаи.
За здравствените работници рече дека со месеци се изложени на ризик, работат со продолжени смени, со цел да спасуваат животи.
Ги повика граѓаните со почитување на мерките да помогнат.
„Да ги почитуваме мерките, да помогнеме здравствените работници да здивнат“, рече министерот.
Од вчера веќе има ротации на персонал од внатрешноста.
Денес има 193 нови заразени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.