05 Декември, 2025
0.1431

Голф 7- Автомобил на годината и за 2013 година!

Објавено во: Стил 04 Март, 2013 21:45

Добивај вести на Viber

Втора година  „Golf 7“ е прогласен за Автомобил на годината за 2013-та. Со 414 освоени поени (повеќе од двојно) пред своите конкуренти, глобално најпродаваниот автомобил на сите времиња Golf 7 е единствениот модел кој по втор пат ја добива оваа награда. Почнувајќи од 1975 година, во временски период од речиси 40 години сите 7 генерации од овој модел беа рангирани на овој избор заземајќи при тоа едно од првите три места. Новиот Golf 7 беше избран од страна на жирито, составено од 58 членови од 22 европски земји, поради севкупниот баланс и извонредните достигнувања од аспект на безбедност, штедливост, динамичност и удобност. По што е посебен „Golf 7“ ?! Со препознатлив надворешен дизајн, Golf 7 е комплетно нов под површината, полесен и базиран на новата MQB платформа на групацијата Volkswagen. Внатрешноста е пространа и изработена од високо квалитетни материјали со врвна завршна обработка. На врвот на листата вградени елементи се наоѓа обновениот ESP, а импресивната е низата на системи за активна безбедност, како: активното сопирање со кое избегнуваат понатамошни судири, системот за откривање замор, системот за движење во лента и адаптивната контрола. Возењето е пријатно, удобно и смирувачко. Моќноста на моторите кои се вградуваат е зголемена, така најмоќниот GTI мотор има 230 КС, а најмоќниот дизел TDI е со моќност од 184 КС. Сите модели се опремени со СТАРТ-СТОП систем,  а кај моторот 1.4 TSI вградена е новата технологија за  деактивирање на два цилиндри при мали брзини за намалена потрошувачка на гориво.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: