07 Август, 2022
0.0255

Голманот Никола Митревски нѐ води во Порто: Градот е убав, секој кој има можност би му препорачал да го посети

Објавено во: Стил 04 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

На голот е вистински „ѕвер“. Со неговите одбрани во македонската ракометна репрезентација и во клубот Порто, понекогаш ве остава без здив, а во воздухот постојано ви лебди прашањето „ дали е можно“. Но, со Никола Митревски на голот, се е можно, особено во клучните мигови на најзначајните натпревари. Важи за еден од најдобрите голмани во Европа.

Приватно, ќе ве освои со својата смиреност и скромност.

Беше дел од тимот на Металург, Бенфика, и ХЦД СУД Констанца. Сега ги брани боите на Порто.

* Португалија како егзотоична земја е една од најпосакуваните дестинации за туристите. Како ја доживевте кога првпат ја посетивте и по кој повод?

- Португалија од секогаш ми била интересна земја, пред сѐ поради нивниот фудбал и големите фудбалски ѕвезди.Но, првпат во Португалија и во Порто, бев на ракометен натпревар, во сезоната 2010/2011, со екипата на Металург, игравме квалификации за пласман во Лигата на шампиони и тоа против сегашниот мој клуб Порто.И уште еден куриозитет, тогаш бевме сместени во хотел кој се наоѓа на истата улица, каде што сум сега.

* Кога игравте за Бенфика две години живеевте во Лисабон. Сега, како дел од ракометниот клуб Порто, живеете во градот со истото име. Колку се разликува животот во двата најголеми градови во земјата?

- За мене, како некој којшто е со фамилија, немам некој впечаток дека се многу различни, туку напротив многу ми се идентични. Луѓето се опуштени, сакаат добра храна и вино, сакаат и знаат да уживаат во животот. Инаку Лисабон е поголем, зафаќа поголема ареа и треба повеќе време за да се стигне од едно на друго место, има повеќе метеж, па сега ми е полесно за функционирање во Порто.

* Каде е посебноста на Порто, кои се неговите убавини?

- Порто како град има долга историја, многу катедрали, архитектура, секоја поврзана со некој период од историјата. Потоа реката Доуро, која ги дели Порто и Вила Нова де Гаиа, низ чија должина се распоредени виновите лози, од кои се прави познатото Вињо де Порто. Исто така може да се крстари по реката, да се посетат некои од винариите, да се проба свежа морска риба.

* Како би ги опишале луѓето, начинот на живот, традицијата? Се навикнавте ли брзо на новата средина?

- Луѓето се доста гостопримливи, сакаат да помогнат на странци и туристи. Велат дека луѓето од северот на Португалија се потопли отколку тие на југот. Иако пристигнавме во екот на Короната, не ни требаше воопшто време за навикнување на новата средина, бидејќи јазикот и културата веќе ги познававме.Градот е убав,секој кој има можност би му препорачал да го посети, па едноставно уживавме во неговите убавини уште од првиот ден кога пристигнавме

* Кога сфативте дека одлуката да дојдете во ракометниот клуб Порто е најдобриот чекор во кариерата и зошто?

 - Одлучив да дојдам тука и се воспостави дека воопшто не погрешив, туку излезе дека сум го направил најдобриот избор, бидејќи имам можност да уживам и на теренот и надвор од него. Резултатски имам добри настапи, индивидуално и тимски, освоивме две првенства со ред, а и добро играме во Лигата на шампиони.


Повеќе детали читајте на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

МОДНАТА КУЌА ЛУЈ ВИТОН НИКОГАШ ПОСИЛНА, И покрај кризата профитот се зголеми, сопственикот Анро меѓу најбогатите во светот

МОДНАТА КУЌА ЛУЈ ВИТОН НИКОГАШ ПОСИЛНА, И покрај кризата профитот се зголеми, сопственикот Анро меѓу најбогатите во светот