26 Април, 2024
0.0278

Голтнала дијамант вреден 5.000 долари

Објавено во: Стил 27 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Идејата за хуманитарна вечера на Женскиот клуб Тампа била едноставна - за 20 долари можете да купите чаша шампањ и шанса да освоите еднокаратен дијамант вреден 5.000 долари.

Организаторите на вечерата поставиле циркончиња, вредни 10 долари во 399 чаши шампањ, а дијамант во последната, 400-та чаша.

Меѓутоа, се појавил проблем бидејќи 80 годишната Миријам Такер случајно го голтнала дијамантот.

Такер на локалните медиуми им изјавила дека не сакала да ги става прстите во чашата, па испила малку шампањ. Смеејќи се со другите жени кои седеле на масата, сфатила дека голтнала дијамант.

Посрамотена, морала тоа да го признае на организаторите кои барале победник. Бидејќи веќе имала закажана колоноскопија, Такет ги замолила лекарите да го пронајдат и дијамантот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти