„Google Maps“ отсега достапен и без интернет врска
Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2015 14:20
Гугл ја надгради својата апликација „Android Maps“ која корисниците ќе ги води до одредена цел и тогаш кога не се поврзани на интернет пренесува Би-Би-Си.
Новиот интерфејс им овозможува на корисниците да ја најдат локацијата на бизнис субјекти, нивното работно време и телефонски броеви.
Компанијата оценува дека надоградената апликација најмногу ќе им помогне на корисниците во земјите во развој, но и на туристи кои се во посета на странски земји и мора да ги користат услугите на странски оператори што е скапо.
Меѓутоа, еден експерт предупредува дека сопствениците на ефтините мобилни може да „жунглираат“ со податоците.
„Стандардни Андроид смартфони обично имаат четири гигабајти и кога еднаш преземете неколку апликации, музика и некој филм, меморијата брзо е потрошена“, рекол Бен Фуд за CCS Insight.
Гугл пак наведува дека за преземање на мапи од поширокото подрачје на Лондон ќе ви требаат 380 мегабајти на уред, а за подрачјето на Сан Франциско околу 200 мегабајти.
Директорката за производи Аманда Бишоп објавила дека програмот го развивале три до четири години на системот Андроид, а и дека ќе го прошират на системот на ЕПЛ и таблети. За важноста на апликацијата најмногу говорат податоците дека 60 посто од планетата нема пристап до интернет, истакнува Бишоп.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




