Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на ССКМ
Објавено во: Економија 07 Август, 2025 10:40
На седница на Управниот одбор на ССК, лицата Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на Сојузот на стопански комори на Македонија, информираа од сојузот.
„Воедно, информираме дека истите лица, како претставници на компании членки, се исклучени од членството во Сојузот на стопански комори на Македонија. Врз основа на ова, овие лица повеќе немаат никаква поврзаност со ССК, ниту имаат право да се претставуваат во име на Сојузот. Дополнително, апелираме до сите медиуми и јавноста да не го користат логото, полниот или скратениот назив на Сојузот на стопански комори на Македонија во контекст на појавување, изјави или настапи на горенаведените лица, со цел да се избегне погрешна претстава и злоупотреба на имиџот и интегритетот на Сојузот“, информираа оттаму.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




