27 Април, 2024
0.0291

ГОРАН МИЛЕВСКИ ЗА СМЕНАТА НА НОРА ШАКИРИ: Таа е случајно сестра на нашиот кандидат за градоначалник, многу непромислен чекор на власта

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Бурни реакции предизвика смената на Нора Шакири од директорка на Театар комедија, за која образложението од Министерството за култура беше дека е направено заради непочитување на неколку законски прописи, односно затоа што се водела дисциплинска постапка за време на изборен процес за еден вработен. 

Покрај другите реакции, се огласи и Горан Милевски, лидер на ЛДП, партија која ја поддржа кандидатурата на Бени Шакири за градоначалник на Скопје. Тој реагира на смената на Нора, инаку сестра на Бени Шакири, од директорската позиција на Театар Комедија. 

Тој вели на фејсбук дека ова е многу непромислен чекор на власта и дека политиката треба да стои подалеку од културата.

Потсетува и дека Нора е „случајно сестра на нивниот кандидат за градоначалник“.

Поддршка за Нора Шаќири! Политиката надвор од културата. Многу непромислен чекор“, напиша Милевски на фејсбук. 

Тој на својот профил ја сподели и пддршката која колегите од Театар Комедија и ја даваат на Нора Шакири, барајќи да не се изврши промената. 

„Човек само да посака вакви колеги.

Не треба да ги познаваш состојбите во Театар Комедија. Доволно е да слушнеш што зборуваат колегите и секому ќе стане јасно каква глупост е направена со разрешувањето на директорката која случајно е сестра на нашиот кандидат за градоначалник.

Доволна потврда и сатисфакција за директорката од оваа поддршка нема“, пишува Милевски.

Инаку, вчера и Нора Шакири се огласи во јавноста по нејзиното разрешување, велејчи дека никој не се родил директиор, но таа работела законски, имало основа за дисциплинската постапка, како и дека го издигнала работењето на театарт Комедија. 

Претходно од Министерството за култура информираа по кои основи била разрешена Шакири, и известија дека за нова директорка е поставена магдалена Ризова Черних.

Вработените во театар Комедија потоа реагираа дека не се согласуваат со разрешувањето на Шакири. 

„Шокирани сме од оваа одлука, со која за в.д. директор се поставува човек која што беше разрешена заради неправилности во работењето. Можеби е крајно време Инспектораторт за труд да го посети Театар Комедија. Кога театарот беше во долгови, без услови за работа и нарушени меѓучовечки односи, в.д. директорката што сега ја разрешува Министерството успеа да реши дел од овбие проблеми и да го врати театарот на вистинскиот пат. Се поставува прашањето дали некој со интенција пробувца да го сруши театарот, и да го врати во агонијата во која беше пред да се постави Нора за директор. Доколку Министерството смета дека Шакири не е соодветен јадар, ние вработените бараме, до распишување на регуларен конкурс за директор, на позицијата в.д. директор да се постави дарко Спасов, драматург во Театар Комедија, меѓународно етаблиран професионалец, човек во кој целиот ансамбл има доверба. Се надевам,е дека овој пат ќе биоде послушан нашиот глас. Во спротивно ќе ги искористиме сите правни и јавни механизми кои ни се на располагање“, изјавија вработените. 

 



Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“