19 Декември, 2025
0.1432

Горан Трајановски ќе го пробива Телеком Србија на македонскиот пазар

Објавено во: Економија 03 Август, 2021 07:30

Добивај вести на Viber

Поранешниот оперативен директор на Македонски телеком, Горан Трајановски, е назначен за управител на новоформираната подружница на Телеком Србија која со овој акт српскиот оператор од крајот на јули официјално влегува на пазарот во Македонија 

Српски Телеком ќе нуди мобилни услуги во нашата држава до крајот на 2021 година, по претходна најава на српските медиуми. Подружницата во Северна Македонија го носи името Мтел и ќе започне да нуди сателитски ТВ услуги во рок од еден месец,според она што претходно го пренесе Танјуг како цитат од генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ. 

Мобилната телефонија и услугите за оптички Интернет ќе бидат воведени до крајот на 2021 година.Инаку мнозински сопственик на компанијата е Република Србија со 58,11 проценти сопственички удел. Покрај државата, сопственици се и Телеком Србија а.д. Белград со 20 проценти од акциите, граѓаните на Република Србија со 14,95 проценти и вработените и поранешни вработени во Телеком Србија а.д. Белград со 6,94 проценти

Трајановски претходно го водеше Македонски телеком откако во 2017 беше избран од бордот на директори. Тој е магистер по индустриски менаџмент, дипломиран инженер по електроника и телекомуникации, искусен телекомуникациски  експерт со долгогодишно практично искуство во областа.

Основач е на стартапот IP Home & Office. Во периодот од јануари 2014 до ноември 2015 работел на развивање на платформата “За Интернет на нештата” (апликации и веб сервиси), на дизајн на хардвер и имплементација на паметни системи за ефикасно управување со електричната инсталација во домовите и индустриските објекти. Иницирал проектирање и развој на Business to Business  IOT решенија. Со IP Home & Office освои 4-то место на вториот интернационален натпревар Business Wall of fame според бројот на гласовите.

Во период од 2003-2004 бил на позиција програмски директор во Македонски Телеком, одговорен за реорганизација на компанијата. Ја имплементирал програмата патот кон успехот, која опфаќала 3 стратешки и 5 функционални проекти. Исто така  предходно бил раководител на одделот за поправки во Македонски телеком, директно придонесувајќи кон зголемување на сервисите за поправки во компанијата.

Пред да стане оперативен директор во 2017, тој ја извршуваше функцијата помошник министер за информатичка технологија и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи.

Агенцијата за електронски комуникации веќе потврди дека српскиот оператор е заинтересиран во периодот што следи да влезе на македонскиот пазар со нудење на сателитска телевизија, а по Нова година да биде дел и од бизнисот со телефонски услуги и интернет. Неофицијално, Телеком Србија има намера да купи еден од помалите телекомуникациски оператори. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии