„ГОРД СУМ ШТО Е ПОТПИШАН ДОГОВОР СО ФИРМА КОЈА ЈА ДОГОВАРАВ НАД ЕДНА ГОДИНА“: Битиќи во „Бизнис муабети“
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2024
Дознајте какви се ставовите на поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи за политиката, за животните предизвици, но и што е тоа што го прави среќен.
Зборуваше отворено за гордоста што ја чуствува бидејќи и по неговото заминување од раководната позиција остануваат инвестициски проекти кои ги договорил и кои чекаат потписи од новата Влада, но и за неодамна потпишаниот договор за нова инвестиција во нашата земја, која како што посочи самиот ја договори.
Погледнете го најновото издание на „Бизнис муабети“ со колегата Мишко Иванов. Како што најавивме денеска гостин во нашиот поткаст е поранешниот вицепремиер за економски прашања, Фатмит Битиќи кој за Фактор откри оти кога влегол во политиката, имал две возила и едното го продале.
Битиќи говореше на темата дали во Македонија има милијардери во евра, вели дека има добри, сериозни компании кои сериозно се приближуваат кон таа цифра, но поединечно не наведе.
Тој говореше и на тема провизии, дали инвеститорите на министрите им нудат провизии. Зборуваа и за тоа како луѓето влегуваат во политиката, а со колкав имоти си одат од политиката.
Еве ги деталите од разговорот: