16 Декември, 2025
0.1144

„НЕМАШЕ ДОЛГОВИ. ИМАШЕ ЗАВИСНОСТ, НО СЕ ИЗЛЕКУВА ПА СТАПИ ВО БРАК“: сведочи дедото на Вања

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2024 11:22

Добивај вести на Viber

Немаше долгови. Имаше зависност, но се излекува па стапи во брак. Немаше никакви проблеми, вообичаени во младоста, се излечи, па се ожени. 

Ова го кажа денеска Зоран Ѓорчевски, татко на Александар Ѓорчевски и дедо на Вања Ѓорчевска, на денешното судење поврзано со убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски. 

На денешното судење поради здравствени причини не дојде сведокот Гоце Трајковски кој беше во неколку наврати споменат во досегашната постапка како лицето кое му помагало на Александар во прибавување на видео снимките во врска со исчезнувањето на Вања. Денеска треба да сведочат и сестрата на Александар, како и членови на фамилијата на Гоце Трајковски.

Во текот на сведочењето на таткото на Александар, Зоран Ѓорчевски во Кривичен суд, раскажа за денот кога е исчезната Вања, и како се одвивала комуникацијата со семејството.

„Во постојан контакт сум со семејството. Се јавив да прашам како се. Ме известија дека ја нема Вања. Ние сме 40 години разведени. Го побарав Александар на телефон да ми каже, и тој ми рече дека ја нема Вања, не стигнала во училиште. Му понудив помош некако да се вклучам“.

Потоа посочи дека не постоел начин на кој можел да помогне, но на барање на синот се јавил кај пријатели кој колку може да помогне. 

Беше запрашан дали го познава Гоце Трајковски, лице кое во досегашното судење беше повеќе пати споменувано, и за кого дедото на Вања посочи дека се во сродство, поточно кумови, и дека е запознаен со тоа дека тој учествувал во потрагата.

Обвинителот го запраша Зоран дали работел Александар.

„Да, работеше, со прекини од 2-3 месеци, беше во Фершпед, Кометал, па повоторно Фершпед. Кога се случи ова, не работеше никаде, се издржуваше со пензијата на мајка му, мојата пензија, помагавме…

Потоа беше прашан дали Александар имал долгови и зависност.

„Немаше долгови. Имаше зависност, но се излекува па стапи во брак. Немаше никакви проблеми, вообичаени во младоста, се излечи, па се ожени“, рече Зоран Ѓорчевски, кој кажа дека не се познава со Љупчо Палевски.

И мајката на Александар, Иванка Ѓорчевска рече дека синот бил зависник од дрога, но дека тоа било успешно завршено.

На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“