Господарите на трговијата прават над 700 милиони евра! Како поминаа КАМ и Веро колку заработија Кипер, Тинекс, Стокомак, Кит Го....?
Објавено во: Економија 23 Мај, 2022 10:29
КАМ продолжува да биде суверен според остварениот приход од продажба, а Веро и лани држи лекции за профит како резултат од продажба. Овие две позиции се константа. Кипер е најбрзорастечка трговски ланец, а Стокомак му „дише во врат“. Тинекс ја држи позицијата над 100 милиони евра приход, а Рамстор Македонија има фантастичен раст на добивката, каде се Кит Го и Жито?
Над 710 милиони евра се приходите од продажба на најголемите осум ланци супермаркети во Македонија во 2021 година. Нивната продажба лани во споредба со 2020 година е зголемена за 4 отсто односно за 28 милиони евра. Суверен на врвот по приходи од продажба останува КАМ, најпрофитабилен и понатаму е Веропулос, а најголем прогрес во оваа остра конкуренција има Кипер Маркет кој успеа да ги зголеми приходите за 37 отсто пред најголемиот конкурент Стокомак кој книжи раст од 20 отсто, покажуваат официјалните податоци на Централниот регистар.
На листата на најголеми малопродажни ланци минатата година нема промени во структурата на компаниите, но има во рангирањето. Од достапните податоци е очигледно дека најголемите малопродажни компании т.е. ланци супермаркети го зголемуваат учеството во вкупната малопродажба на стоки за широка потрошувачка на национално ниво. Иако нема официјални податоци, неофицијалните параметри укажуваат дека големите ланци маркети продолжуваат да го зголемуваат своето учество во вкупната продажба на малосметка на помалите ланци маркети и локалните продавници.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




