06 Декември, 2025
0.0270

Господин или госпоѓа Бах?

Објавено во: Стил 26 Октомври, 2014 20:38

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите композитори во историјата можеби воопшто не ги компонирал некои од своите најпознати дела. Експертите се сомневаат дека наместо него овие дела ги напишала неговата сопруга. Марзин Џарвис, професор по мусика од Универзитетот „Чарлс Дарвин“, со години ги анализира ракописите на познатиот композитор Јохан Себастијан Бах. Тој е уверен дека 10-тина од овие дела всушност треба да и се припишат на втората сопруга на композиторот Ана Магдалена. Ана била млада сопранистка, а кога стапила во брак со Бах имала само 19 години и била 17 години помлада од него. Познато е дека таа ги препишувала делата на својот сопруг додека му се влошувало здравјето, но експертите сметаат дека ракописите и поправките направени во нив сугерираат дека некој компонирал, а не само препишувал. Според професорот Џарвис, на втората госпоѓа Бах можат да и се припишат многу познати дела, како шест свити за виолончело и аријата во познатата композиција на Бах „Голдберг варијации“. Истражувањето на професорот Џарвис ќе биде прикажано во документарен филм „Напишано од г-ѓа Бах“, а ова истражува може да ја зголеми довербата во жените-композитори и да го промени мислењето дека најголемите композиции во музичката историја ги напишале мажи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: