19 Декември, 2025
0.0373

Готови се листите за картичките: Од денеска проверувајте на kupuvamdomasno.gov.mk

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2020 12:31

Добивај вести на Viber

Готови се списоците на лицата кои исполнуваат услови и кои ќе добијат домашна платежна картичка од Владата. Сите од денеска може да проверат дали се на списокот на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk  соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска. Платежни картички ќе добијат вкупно 324.479 лица. Сите картички ќе бидат издадени до 18 јули, а парите треба да с еискористат до 15 август. Парите може да се користат за купување домашни производи, аптеки, фризерници, угостителски објекти. 


Секој граѓанин со внесување на својот матичен број ќе може да провери износот кој му следува и тоа во која банка ќе ја добие картичката. Во проектот се вклучни девет домашни банки кои веќе почнуваат со подготовка на картичките. Доколку лицето е посетоечки клиент на банката ќе добие порака кога да ја земе, а ако нема сметка во банката ќе го контактира за тоа како ќе може да си ја добие картичката. Банки кои се вкулчени се Комерцијална банка, Стопанска банка, НЛБ Банка, Охридска банка, Халк банка, Шпаркасе, УНИБанка, Централна кооперативна банка и Силк роуд банка.

Ангеловска рече дека на ваков начин ќе се влеат 28 милиони евра во стопанството и во економијата. 

Граѓаните се веќе распределни во банките, а парите ги добиваат следните граѓани. 

Прва група во која се 113.927 граѓани кои ќе добијаат 9.000 денари – тоа се лица со низок доход, приматели на социјална помош и невработени кои активно бараат работа до 22 мај 2020, а кои оствариле нето доход не поголем од 180.000 денари или од јануари до април доход не поголем од 60.000 денари

Во втората група се 117.144 лица кои ќе добијат по 3.000 денари на домашна платежна картичка. Тоа се вработени кои од јанураи до април имаат доход не поголем од 60.000 денари

Трета група се средношколците и студентите кои добиваат по 3.000 денари. Тоа с елица кои наполниле 16 години, а не се постари од 29 години.

Четвртата група се здравствените работници кои беа ангажирани за борбата со справување со Ковид-19. Овде спаѓаат 4.394 лица кои ќе добијат 40 отсто од платата

Финансиската поддршка се добива едноставно и лесно и без постапки за аплицирање.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии