ГРАД ИМ ПЛАТИ 10.000 ДОЛАРИ НА РАБОТНИЦИТЕ ДА СЕ ДОСЕЛАТ: Дали ова вроди со плод?
Објавено во: Економија 02 Јуни, 2025 20:43
Кога Каган Конавеј, 25-годишна вработена од дома, видела реклама на Инстаграм во која се нуделе 10.000 долари за оние што се преселиле во Талса, помислила дека е измама. Сепак, по кратка посета, решила да се пресели и од јули 2024 година живее во овој град во Оклахома.
„Се заљубив во градот по само неколку дена“, рекла таа.
Програмата „Талса далечинска работа“ беше лансирана во 2018 година за да привлече нови жители и да го диверзифицира пазарот на трудот, кој претходно во голема мера зависеше од нафтената и гасната индустрија. Досега, над 3.400 работници од дома ја искористиле оваа понуда.
Програмите од овој тип станаа популарни за време на пандемијата, кога градовите почнаа да развиваат економски стратегии насочени кон привлекување поединци, а не компании. Сепак, прашањето остана долго време - дали ваквите иницијативи навистина носат долгорочни придобивки за локалните заедници?
Според анализата на економистот Тимоти Бартик од Институтот В.Е. Апџон, одговорот е јасен: за секој инвестиран долар, локалната економија добива 4,31 долари. Ова е далеку повеќе од вообичаениот сооднос 2:1 на традиционалните субвенции за привлекување големи компании.
Бартик истакнува дека привлекувањето работници од далечина е многу поевтин начин за создавање работни места.Податоците покажуваат дека програмата не се исплатува само краткорочно. Повеќе од 96 отсто од учесниците остануваат во Талса најмалку една година, колку што трае програмата, а околу 70 отсто остануваат подолго. Многумина носат и членови на семејството - така Каган Конавеј ја донесе својата мајка во Талса, а сега се обидува да ја убеди и сестра си да им се придружи.
Силната социјална инфраструктура, исто така, придонесува за успехот на програмата: вмрежувањето, настаните и коворкинг просторите им помагаат на новите жители да се вклопат. Градот, исто така, инвестира во објекти - како што е паркот „Гедеринг плејс“ вреден 465 милиони долари - кои придонесуваат за квалитетот на животот.
foto Wikipedia/Caleb Long
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




