20 Декември, 2025
0.2613

Град Скопје ги избра најдобрите ресторани и гостилници за годинава

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2013 13:44

Добивај вести на Viber

Најдобрите три гостилници за 2013 година се: „Ѓезме кај тумба“, „Капка“ и „Дарија“, а најдобрите три ресторани, „Лира“, „Сушико“ и „Гурмет“. Град Скопје и годинава ја продолжи традицијата и повторно во соработка со Агенцијата „Swot Research“, го реализираше проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите. За реализација на овој проект, Градот Скопје ангажира професионална агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитет на услуга која по пат на т.н. mystery shopping, односно преку директна посета од на независни и објективни тајни купувачи/гости го истражуваа и оценуваа квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми. Со проектот се опфатени вкупно 100 угостителски објекти на територијата на градот Скопје, од кои 50 ресторани и 50 гостилници, кои со вкупно 300 посети, или секој по три пати, се оценуваат според следниве 8 критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт со вработените. Овој проект се спроведува шеста година по ред, а плакетите за најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани, денеска ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Тој ги охрабри угостителите да ја контактираат градската администрација за каква било идеја и сугестија или иновација во угостителската дејност. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата спрема клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии