20 Декември, 2025
0.0973

ГРАД СКОПЈЕ ГО ОБВИНУВА ШИЛЕГОВ ЗА КУЌАРКИТЕ НА КЕЈ: Ги користеле противправно

Објавено во: Македонија 13 Април, 2022 11:26

Добивај вести на Viber

Претходниот градоначалник на Градот Скопје, Петре Шилегов свесно ги оставил корисниците на куќарките четири години да ги користат противправно без постоење на правен основ за нивно користење, соопштуваат денеска од град Скопје откако вчера излезе информацијата дека продавачите на стари книги и други антикварни предмети кои ги користат дрвените куќички на Кејот „13 ноември“ добиле наредба од Градот Скопје да се иселат, заедно со своите залихи, најдоцна до 21 април. Од градот денеска велат дека лицата биле без активни договори со град Скопје од 01.02.2018 година.

„Ваквата состојба најмалку одговара на корисниците на овие привремени објекти и поради тоа градот Скопје во транспарентна и законска постапка со објава на јавен оглас ќе ја разреши ситуацијата. Овие корисници за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година. Оваа пракса прекинала на 31.01.2018 година и овие граѓани целосно се ставиле во милост и немилост. Свесно биле оставени без дозвола и договор да ги користат куќарките, оставајќи можност на претходното раководство да се отстранат кога ќе посакаат. Дотолку што постојната состојба е спротивна на прописите, ја ограничува конкурентноста и го оштетува буџетот на Градот и граѓаните, стои во соопштението од Град Скопје.

Додаваат дека корисниците се веќе известени дека во рок од 15 дена треба да ги ослободат куќарките од предметите кои се во нивна сопственост и да ги предадат објектите на Градот Скопје во состојба во којашто ги примиле според Записникот, затоа што не постоел правен основ за нивно понатамошно користење. 

Во следниот период ќе се објави јавен повик каде овие лица и сите останати заинтересирани ќе можат да се пријават за користење на јавни површини, односно користење на куќарките.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки