20 Декември, 2025
0.0455

Градежен институт Македонија АД Скопје, доминантен акционер во фабрика Карпош АД Скопје

Објавено во: Економија 18 Април, 2013 11:28

Добивај вести на Viber

Градежен  институт Македонија АД Скопје стана доминантен акционер во фабриката Карпош АД Скопје, а брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје  доби дозвола да дејствува и како покровител при котација, соопшти денеска Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

- Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на денешната седница донесе Решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на акции издадени од фабриката Карпош АД Скопје, а дадена од Градежен институт Македонија АД Скопје. Врз основа на оваа понуда, Градежен институт Македонија АД Скопје се стекна со вкупно 85.679 обични акции, кои обезбедуваат учество од 28,64 отсто од акциите со право на глас од фабриката Карпош АД Скопје. Имено, понудата за откуп ја прифатиле 34 сопственици на обични акции. Со ова, условот за успешност на понудата за откуп од 11 отсто од обичните акции издадени од Фабрика Карпош АД Скопје е исполнет. Понудувачот ги откупи хартиите од вредност по цена од 180 денари за една акција, се наведува во денешното соопштение од КХВ.

Со хартиите од вредност што ги стекна со оваа понуда и акциите кои ги поседуваше пред давање на истата, Градежен институт Македонија АД Скопје располага со 53,64 отсто од вкупниот број издадени акции.

Во соопштението се додава дека на барање на Иново Брокер АД Скопје, а по спроведена вонредна контрола на кадровската, техничката и организационата оспособеност на брокерската куќа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја прошири дозволата за работење  со хартии од вредност на Иново Брокер АД Скопје и дозволи  да дејствува и како покровител при котација.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба