19 Декември, 2025
0.1219

Градежникот Фатмир Етеми платил 613 илјади евра за акции во Комерцијална банка

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2021 14:09

Добивај вести на Viber

Фатмир Етеми, член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка е купувачот на 4.312 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, известија денеска од банката. Овие акции беа продадени во блок трансакција минатата недела, а за нив Етеми плати 37.730.000 денари или околу 613 илјади евра. Една акција во блокот чини 8.750 денари. 

Оваа блок трансакција следуваше по таа предминатата недела кога „Адора Инженеринг“ на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец во еден блок купи 48.837 акции со право на глас за кои плати 6,95 милиони евра. Оваа компанија сега е единствениот акционер со над 5 отсто од акциите со право на глас и во моментов поседува 14,99. 

Инаку Етеми е член на Надзорниот одбор од 2018 година кога немаше акции во банката. Инаку акционер во банката е и преку неговата градежна компанија ЗСФ ком каде е управител. 

„Комерцијална банка“ успеа да ја зголеми добивката за првите три месеци за 64 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех објавен на информативниот сервис СЕИ НЕТ.

Добивката на банката за три месеци изнесува 5,86 милиони евра.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии