Добивај вести на Viber
Грда е сликата околу контејнерите на повеќе локации во Центар. На овие високи температури купиштата ѓубре не само што се причина за неподнослива смрдеа туку се и потенцијална опасност од зараза, пишува на фејсбук градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.
„Апелирам до Градот Скопје за навремено собирање на сметот. Да не дозволиме да правиме традиција од лани кога самостојно се мобилизиравме и го чистевме она кое не го чистеше градот.
Општина Центар секое утро ги мие улиците со цистерната на ЈП ПОЦ и секојдневно го мети и собира сметот. Граѓаните плаќаат редовно и со право бараат чиста средина“, се вели во неговата објава.