16 Јули, 2024
0.0270

„СЕ СЛУШААТ ЕКСПЛОЗИИ, ИСТРЕЛИ, НЕ Е БЕЗБЕДНО ЗА ДЕЈСТВО ОД ВОЗДУХ НИ ОД ЗЕМЈА“: Ангелов загрижен, тешко е да се воспостави контрола врз пожарот на Серта

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Воспоставувањето на контрола врз пожарот на планината Серта е исклучително тешко, гори покрај самиот пат, силите се исцрпени на повеќе места, ефектот од леталата беше добар. Но има многу огнени точки, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. 

- Овде зад мене може да се види дека целиот дол е комплетно во чад, што го отежнува движењето и летањето на хеликоптерите. Исклучително тежок терен за гаснење на овој масивен пожар што зафаќа огромна територија од планината Серта. Има распоредени сили на земја. Во овој момент нема летала, бидејќи не е безбедно, чадот што го има зад мене, не дозволува на леталата да се спуштат на потребната висина за да гасат, појасни Ангелов. 

Од друга страна, нагласи тој, имале проблем кај стрелиштето Криволак. 

-Таму се слушаат експлозии, истрели од неиспукани гранати, куршуми и други неексплодирани експлозивни средства од гаѓањата што ги работела армијата во минатиот период. Така што, местото на планината Серта кон самиот полигон Криволак, не е безбедно за дејство од воздух, но не е безбедно ниту за дејство од земја. А безбедноста на луѓето што гаснат е на прво место. Ќе се обидеме со формирање на противпожарни пресеки, онаму каде што тоа го дозволува теренот. Со трактори, булдожери да се изора, да не може огнот да префрли преку нив, подвлече Ангелов. 

Но и тоа било многу тешко, бидејќи се работи за исклучително стрмен терен. Терен испресечен со долови, карпи.

- Значи во овој момент ниту еден воздухоплов не дејствува, бидејќи не се исполнети условите за дејство. Поради огромниот чад и планинскиот пат преку Серта е затворен. Температурата е многу висока, навистина е многу жешко и има многу чад, што го отежнува дишењето, ја отежнува работата на сите што гаснат, соопшти директорот на ЦУК. 

Тој информираше дека на терен гаснат припадници на македонската армија, на полицијата, пожарникари, ловци, локално население, припадници на „Национални шуми". 

Пожарот во неготинско избувна во средата околу 10.30 часот. 

Фото: Стојанче Ангелов/Фејсбук принтскрин

Можеби ќе ве интересира

„ОДВАЈ ИЗЛЕГУВААТ ОД ВОДАТА И МНОГУ БАВНО СЕ ИСКАЧУВААТ ЗАРАДИ ГОЛЕМАТА НАДМОРСКА ВИСИНА“: Ер тракторите полнат вода на еден километар од куќата на професорот Трајковски, еве што вели тој

„ОДВАЈ ИЗЛЕГУВААТ ОД ВОДАТА И МНОГУ БАВНО СЕ ИСКАЧУВААТ ЗАРАДИ ГОЛЕМАТА НАДМОРСКА ВИСИНА“: Ер тракторите полнат вода на еден километар од куќата на професорот Трајковски, еве што вели тој

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ СЕ ЗБОГУВА ОД ПРОФЕСОРКАТА МАНГОВА ПОЊАВИЌ: „Зад себе остави бројни генерации помлади професори“

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ СЕ ЗБОГУВА ОД ПРОФЕСОРКАТА МАНГОВА ПОЊАВИЌ: „Зад себе остави бројни генерации помлади професори“

АХМЕТИ ГО АНГАЖИРАЛ АВТОРОТ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ НЕГОВО ПОЧИТУВАЊЕ: Арбер Адеми со деталите

АХМЕТИ ГО АНГАЖИРАЛ АВТОРОТ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ НЕГОВО ПОЧИТУВАЊЕ: Арбер Адеми со деталите

ОТВАРАЛЕ ДУЌАНИ ДА ИМ ДОНИРААТ ВОДА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ И ДОБРОВОЛЦИТЕ ШТО ГАСНЕА ПОЖАР ВО БИТОЛА: Еве како се мобилизираа битолчани да помогнат

ОТВАРАЛЕ ДУЌАНИ ДА ИМ ДОНИРААТ ВОДА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ И ДОБРОВОЛЦИТЕ ШТО ГАСНЕА ПОЖАР ВО БИТОЛА: Еве како се мобилизираа битолчани да помогнат

„НЕСПОРЕДЛИВО Е ТОА ШТО ГО НАПРАВИ СДСМ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ“: Од опозицијата со обвинувања до владата на Мицкоски

„НЕСПОРЕДЛИВО Е ТОА ШТО ГО НАПРАВИ СДСМ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ“: Од опозицијата со обвинувања до владата на Мицкоски

ПРОПАДНА ПОСТАПКАТА ЗА КОМПРЕСОРИТЕ ЗА ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ: Не пристигнала ниту една понуда

ПРОПАДНА ПОСТАПКАТА ЗА КОМПРЕСОРИТЕ ЗА ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ: Не пристигнала ниту една понуда

„СРЕЌЕН 18 РОДЕНДЕН ИВО“: Филипче му го честитате роденденот на неговиот син

„СРЕЌЕН 18 РОДЕНДЕН ИВО“: Филипче му го честитате роденденот на неговиот син

„КАКО Е МОЖНО ЗА ПОМОШНИК МИНИСТЕР ВО МВР ДА Е ПОСТАВЕНО ЛИЦЕ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА?“: Петровска со повеќе прашања

„КАКО Е МОЖНО ЗА ПОМОШНИК МИНИСТЕР ВО МВР ДА Е ПОСТАВЕНО ЛИЦЕ СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА?“: Петровска со повеќе прашања

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно