15 Декември, 2025
0.0332

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ СЕ ЗБОГУВА ОД ПРОФЕСОРКАТА МАНГОВА ПОЊАВИЌ: „Зад себе остави бројни генерации помлади професори“

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2024 19:24

Добивај вести на Viber

Почина професорката од Катедрата за финансово право и финансии, д-р Кики Мангова Поњавиќ. Тажната вест ја соопштија од Правниот факултет на официјалната фејсбук страница. 
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашата почитувана професорка и колешка

ПРОФ. Д-Р КИКИ МАНГОВА ПОЊАВИЌ

редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

на Катедрата за финансово право и финансии

1940 – 2024

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашата почитувана и сакана професорка, д-р Кики Мангова Поњавиќ.

Со заминувањето на проф.д-р Кики Мангова Поњавиќ, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог, но пред сè ценета колешка и пријателка.

Ќе останат во вечно сеќавање нејзиниот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за нејзината работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.

Зад себе остави бројни генерации помлади професори, соработници и студенти кои вечно ќе ја паметат.

Посмртните останки на проф.д-р Кики Мангова Поњавиќ ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 17.07.2024 година (среда) од 10 – 11 часот.

Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“, се вели во објавата.



Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите