Градоначалникот на Чаир за Фактор: Немавме ингеренции да казнуваме
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020
Ние апелиравме и претходно, апелирам и сега да се почитуваат мерките, но граѓаните кои не биле совесни за време на полицискиот час, немавме ингеренции да ги казнуваме, вели градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу кој е во самоизолација и се уште го чека резултатот од тестот. Тој за Фактор вели дека ги нема новите податоци за денеска, затоа што не ги објавила и Комисијата за зарзани болести. Се тврдеше неофицијално дека најголем број од новозаразените сепак се од неколку скопски општини меѓу кои е и Чаир.
Заклучно со вчера, во Чаир има вкупно 93 случаи од кои 54 се активни, а 32 лица оздравеле. Ганиу е дециден дека општината сторила се да ги заштити граѓаните, дезинфецирале постојано, дури и во зградите. Сепак вели дека само претпоставува зошто бројот рапидно порасна.
„Причини сигурно има, но тие официјално треба да ги соопшти Комисијата за заразни болести односно експертите. Ние немаме надлежности за казнување, ниту за утврдување вина кај прекршителите. А постојано апелиравме и пак бевме сведоци на социјалните мрежи на собирања и непочитување на мерките дури и за времена полицискиот час, вели Ганиу за Фактор.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.