26 Април, 2024
0.1871

Градоначалникот на Демир Хисар ги објасни заканите, но не и „прислушкувањето“

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


Градоначалникот на Демир Хисар од редовите на СДСМ, Марјанче Стојановски, се огласи со писмо во јавноста во кое наведува дека не го повишувал тонот пред воспитувачките, туку дека објаснувал дека директорката на училиштето „Гоце Делчев“ има законско право да ги распредели. Сепак градоначалникот, кој по објавената видео снимка беше повикан и на информативен разговор во полиција, не објасни зошто споменува дека му е достапно „прислушувањето“.како поранешен вработен во МВР.
„По однос на монтираниот видео запис кој проциркулира низ повеќе интернет портали, телевизиски и радио медиуми, Ве информирам и Ве известувам за следното;
Најпрво, периодот кој е снимено видеото е на 22.01.2018 година – првиот училишен ден од почетокот на второто полугодие во ООУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар и нема апсолутно никаква врска со упатување на закани и влијанија кон граѓаните на Демир Хисар за претстојниот Референдум 2018 година.
Моето присуство во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ беше по претходно барање на група од триесетина родители кои одржуваа средба поради протест на две незадоволни наставнички од прераспоредувањето на работно место во образовната институција каде работат, што е законско право на раководното лице во училиштето.
Претходно, дел од родителите ми се јавуваа и ме известуваа за тој протест и незадоволство на двете наставнички, како оделе од куќа на куќа и ги убедувале останатите кои имаа можност за лобирањето при носењето на одлуката за нивното прераспоредување.“, стои  во соопштението од градоначалникот Стојановски.

Стојановски ги информира граѓаните дека изречените зборови во видеото се однесуваат токму на тие разговори побарани од родителите, а не некакво прислушкување, уцени и закани.

Тој бара од сите пишани, електронски, аудио и видео медиуми да да се извинат за неговиот нарушен изглед, а од лицето кое го снимило видеото да се даде информација кај надлежните органи, во спротивно на ова ќе биде поднесена тужба од негова страна до надлежните институции.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот