08 Мај, 2024
0.0221

Градоначалникот на Њујорк плива во богатство- колку е тежок Мајкл Блумберг?

Објавено во: Стил 25 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг веќе поседува 13 имоти во целиот свет, пишува “Capital New York“. Милиардерот т купи палата за 20 милиони долари во Саутхамптон во 2011 година, а потоа ја купи соседната куќа и парцела од 4,8 хектари земјиште. Два дополнителни имота тој ги има стекнато во минатото лето, а секој од нив му е чинел најмалку по 500 000 долари. Блумберг веќе поседува имот во Норт Селем, Њујорк, кој вклучува две куќи каде неговата ќерка Георгина сака да јава коњи; неговиот дом во Армонк; станот му во Вејл, Колорадо; палата на Бермудските острови; станот во Њујорк  купен пред 13 години; куќа во Велингтон, Флорида; имот во Лондон; неговата куќа на Менхетн, како и седиштето на филантропските активности  во Горен Ист Сајд. Имотот на Блумберг и други детали за неговите лични финансии не се откриваат, но за прв пат оваа година Блумберг откри дека освен сметки во САД, има лични банкарски сметки и во HSBC во Лондон, Париз, Бермуда и Хонг Конг. Заеднички овие странски банкарски сметки му донеле помеѓу 250 000 и 500 000 долари камата. Во секоја од нив минатата година имало над 500 000 долари, освен онаа во Бермуда, во која немало повеќе од 100 000 долари. Градоначалникот Блумберг исто така има приходи и од учеството во серијата „Закон и ред" и во филмот „Агенти на судбината" со Мет Дејмон и Емили Блант. Блумберг исто така добива чек секој пат кога неговата ќерка ја освои награда во трка со коњ, кој е негова сопственост.  Федералната даночна стапка на Блумберг минатата година била 34.69%, но тоа не вклучува одбивања поврзани со добротворни донации, кои изнесуваат 370 милиони долари минатата година.