Градот ќе снима за да докаже дека прска против комарци: Граѓаните испокасани
Објавено во: Македонија 08 Август, 2018 13:27
Со камера на воздухопловот и снимка од прскањето, град Скопје ќе докажува дека прскале против комарци во главниот град. Планирано е да се постави камера и целиот процес да биде снимен. Следното прскање е закажано за викендов што следи.
Деновиве скопјани се жалат дека на секое излегување водат вистинска „битка“ со комарците. Најмногу ги има во парковите, на кејот на реката Вардар. Децата се со убоди по целото тело, а не помагаат ниту хемиските средства против убоди. Од град Скопје за Фактор велат дека викендов ќе има и трето прскање.
Според информации оттаму веќе се направени две фази прскања во кои е вклучено и авионско и прскање од земја. Викендов е третото, а планирани се уште две до крај на летото или вкупно пет за сезонава. впрочемтолку прскања имало и другите лета. Сепак, оваа година прскањето почна со месец задоцнување затоа што имаше жалба на набавката, па целиот процес се пролонгира.
Граѓаните велат дека имаат сомнеж дали воопшто овие прскања имаат ефект, па затоа градот прскањето ќе го докажува со снимки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери
„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација
ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата





