25 Април, 2024
0.0251

Градовите со најмногу милионери во светот

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Нова анализа на New World Wealth открива кои се градовите со најмногу милионери во светот. За „милионери" во случајот се сметаат луѓе со нето средства во вредност од 1 милион долари или повеќе , во кои не е вклучено основното живеалиште. Меѓу првите 30 градови во рангирањето, 12 се во Азија , 10 во САД , а останатите осум се во Европа . Со најмногу претставници во рангирањето може да се пофали САД ( 7 градови ), потоа Германија (3 градови) , Кина (2 града) , Јапонија ( 2 града) и Швајцарија ( 2 града) . Во топ 30 на овогодинешното рангирање нема градови од Блискиот Исток и од Африка . Највисоко рангиран блискоисточен град е Истанбул со 35.000 милионери . Дубаи е на второ место во Блискиот Исток по бројот на милионери со близу 26.000 . Највисоко рангиран африкански град оваа година е Јоханесбург со малку повеќе од 23.000 милионери . Градот со најмногу милионери , според рангирањето на New World Wealth е Лондон , каде што бројот на жителите со средства од 1 милион долари или повеќе изнесува 339.200 . Тие сочинуваат 41% од милионерите во земјата. Втората позиција е за Њујорк, каде бројот на милионери е 300.100 , или 7% од нивниот вкупен број во САД. Челната тројка ја зазема главниот град на Јапонија Токио , каде што има 226.500 милионери, и тие претставуваат 21,4 % од милионерите во земјата на изгрејсонцето . Со мала разлика, по Токио, следи Сингапур , каде што има 225.000 милионери . Тоа е и последниот град во рангирањето со над 200.000 милионери . Петтата позиција е за Хонг Конг, каде бројот на луѓето со средства од над 1 милион долари е 164.500, следува Лос Анџелес со 159.800 , Чикаго со 128.10о, Франкфурт 120.000 и Мексико Сити со 118.800 . Првите десет се оформени од Сан Франциско со 112.700 милионери . Од New World Wealth ги подредиле градовите и по густина на милионери. Тука првото место е за Женева со 74 300 милионери , кои претставуваат 5,9 % од населението на градот , што е во износ од 1,3 милиони луѓе. Второто место е за Цирих, каде 4.6 % од населението , или 84 400 лица имаат средства од над 1 милион долари. Првите три се дополнуваат од Сингапур , каде милионери претставуваат 4.5 % од населението кое изнесува 5 милиони луѓе .   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти