Градскиот смет како потенцијална енергетска суровина
Објавено во: Економија 11 Септември, 2013
Градскиот смет не е само ѓубре, туку е и потенцијална енергетска суровина, е заклучокот на меѓународната конференција „Енергија и енергетско искористување на отпад во урбаните заeдници“ што денеска се одржува во Скопје, а чија цел е да овозможи подобра видливост за енергетско-ефикасното искористување на отпадот од урбаните заедници преку најдобрите практики.
Конференцијата се одржува во рамките на манифестацијата „Недела на енергетика Македонија 2013“ и е дел од активностите на меѓународниот проект „РЕ-СЕЕтиес“, финансиран од ЈИЕ програмата на ЕУ.
Целта на проектот е да се обезбеди помала потрошувачка на енергија и подобри услови за живеење во 12 града од ЈИЕ кои партиципираат во него. Проектот во Македонија партнерски го имплементираат Град Скопје и Здружението МАЦЕФ - Центар за енергетска ефикасност на Македонија.
- Ефикасното управување со отпадот е важен приоритет и интерес на Република Македонија и на светската заедница воопшто. Со цел да се надмине постојната состојба и да се воспостави одржлив систем за управување со отпадот националната општа политика е веќе оформена. Таа е добра основа за инвестиции со кои ќе се постигне паралелно намалување на емисиите на стакленичките гасови и производството на одржлива обновлива енергија, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми во своето обраќање на отворањето на конференцијата.
Тој посочи дека Македонија има донесено општа и долгорочна политика за управување со отпадот.
- Се надевам дека програмата на конференцијата, како и целокупниот проект, ќе поттикне промени во начините на донесување на општините во делот на управувањето со отпадот и ќе даде можност за иновативни решенија и алатки во однос на енергетското искористување на комуналниот отпад, потенцира Адеми.
Оперативниот раководител на Делегацијата на ЕУ во Македонија Мартин Клауке рече дека Унијата и во иднина ќе продолжи да ги кофинансира проектите за подигнување на свеста за енергетската ефикасност со цел да се олесни промената на навиките на потрошувачите.
- Енергијата стана прашање од стратешки интерес за земјите членки на ЕУ. Ефикасноста на ресурсите е врвен приоритет на агендата на ЕУ, а неконтролираното производство на отпад не принудува да бараме решенија кои ќе бидат поефикасни, рече Клауке.
Тој прецизира дека една петина од енергијата може да се заштеди преку енергетската ефикасност.
- Промената на однесувањето на потрошувачите е една од централните работи што ќе придонесат за значително намалување на потрошувачката на енергија и за производството на отпад. Затоа сите треба да почнеме да ги менуваме навиките, потенцира Клауке.
Локалните власти, додаде, можат да имаат клучна улога во зголемувањето на свеста за управувањето со отпадот и енергетската ефикасност.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски како домаќин на конференцијата истакна дека една од стратешките определби на Скопје е креирање енергетско-ефикасен град и поттикнување на употребата на обновливи извори на енергија.
- За таа цел презедовме најразлични активности пред се во својата организација, формирајќи Одделение за енергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и активности за реализација на мерки во Секторот за транспорт и осветлување, рече Трајановски.
Како придонес за подобрување на енергетската ефикасност ги истакна обновувањето на возниот парк на ЈСП Скопје, отворањето на Центар за управување со сообраќај и жичницата „Милениумски крст“, изградбата на сообраќајната инфраструктура, реконструкција на средните училишта и културните установи...
- Од годинава почнавме со реализација на идејата отпадот да го претвориме во енергенс преку востпоставување јавно-
Над 70 отсто од отпадот ќе може да се рециклира со што, како што рече, драстично ќе се намали количеството на отпад што трајно ќе биде одложувано на депонијата и ќе има поголема искористеност на повторно обновливите делови.
- Очекувам на тој начин Градот Скопје да биде пример и тоа не само за општините во Македонија, туку и пошироко, додаде Трајановски.