19 Декември, 2025
0.0479

ГРАФИКА: Земјите од каде доаѓаат најмногу мигранти

Објавено во: Свет 20 Јуни, 2015 08:19

Добивај вести на Viber

Речиси 60 милиони лица се насилно иселени во целиот свет поради конфликти во 2014 година, без разлика дали протерувањето е внатре во нивните земји, или во други држави како бегалци. Тоа е најголемиот број, регистриран некогаш, според новиот извештај на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) и е еквивалентен на населението на Италија. Бројката е со 8,3 милиони луѓе повеќе од 2013 година, главно поради војната во Сирија, настапувањето на Исламската Држава во Ирак и обновените конфликти во Африка. migranti1 Бројот на бегалците се зголеми од 11,6 милиони луѓе на 14,4 милиони луѓе (без 5,1 милиони палестинци) на светско ниво за истиот период, најголемото годишно зголемување од 1990 година. Сирија е земјата од која доаѓаат најмногу бегалци, претекнувајќи го Авганистан, кој ја држеше незавидната прва позиција повеќе од 30 години. До крајот на минатата година 3,9 милиони сириски бегалци (или една шестина од населението) ја напуштиле земјата, а други 100 000 избегале до моментот во 2015 година. Меѓу десетте земји од каде доаѓаат најмногу бегалци, шест се африкански. Тековните конфликти во Сомалија, Јужен Судан, Конго и Централна Африканска Република ги прават земјите лидери во негативната статистика. Еритрејците ја напуштаат репресивната земја на народот, често во соседна Етиопија. Иако населението е само 6 милиони луѓе, Еритреја е вториот најголем извор на нелегални бегалци по море кон Европската унија (ЕУ) по Сирија. Зголемениот број конфликти во целиот свет го прави потешко за луѓето нивното враќање дома. Околу 6 милиони бегалци во азил од пет или повеќе години и само 126 800 луѓе се вратија во родните земји минатата година - најмалиот процент за последните 31 години. migranti2 Влијанието на војната во Сирија се чувствува насекаде, особено во соседните региони. Сиријците се селат во Турција, која стана главна дестинација на бегалците, разместувајки го Пакистан, со 1,6 милиони бегалци за 2014 година. Луѓето продолжуваат да пристигнуваат - само до јуни оваа година нивниот број се зголеми на 1,78 милиони лица. Соседните Либан и Јордан исто заштитуваат огромен број Сиријци. Како дел од сопственото население Либан го носи најголемиот товар во светот, а на секои 1000 жители се паѓаат 232 бегалци. Јордан е на следното место со 87 бегалци на 1.000 лица, а Науру, каде се приведени многу мигранти за Австралија, е на третото место со 39 бегалци на 1.000 лица. Економскиот товар паѓа несразмерно врз посиромашните земји. Околу 85% од бегалците живеат во земјите во развој, а пред 20 години овој процент бил 70%. migranti3   Бројот на раселените во своите земји се зголеми за речиси 5 милиони луѓе во 2014 година, достигнувајќи 38,2 милиони луѓе. Во Сирија има најмногу внатрешно раселени лица - 7,6 милиони луѓе, или 20% од сите во светот. Во Колумбија 50-годишната граѓанска војна продолжува да зема повисока цена. Околу 136 000 луѓе се раселени во 2014 година, зголемувајќи го вкупниот број до 6 милиони лица - втората најголема бројка во светот. Други 360 300 колумбиски бегалци ја напуштиле земјата во истата година. Во исто време активностите на Исламската Држава во Ирак натераа 2,6 милиони Ирачани да ги напуштат своите домови. migranti4 Обработка: К.К. Извор: The Economist

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела