05 Декември, 2025
0.0380

Граѓаните на БиХ и на Албанија – најсиромашни во Европа

Објавено во: Балкан 14 Декември, 2012 15:06

Добивај вести на Viber

Најмала куповна моќ во Европа имаат граѓаните на Босна и Херцеговина и Албанија, ова го покажа  истражувањето на Агенцијата за статистика на Турција. Во истражувањето е земен бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, мерен според паритетот на куповната моќ. БДП по глава на жител во БИХ во 2011 година изнесува 30 отсто од европскиот просек, како и во Албанија, што е најнизок во Европа. Но, во случај на БиХ забележан е пад на овие индикатори, додека во Албанија раст, јави Анадолија. Од другите земји на југоисточна Европа највисоко котира Хрватска, чиј БДП изнесува 61 отсто по глава на жител, а потоа следат Црна Гора (42), Македонија  и Србија (35). Најголем БДП по глава на жител е забележан во Луксембург, каде изнесува 271 процент од европскиот просек, а потоа следат Норвешка (186), Швајцарија (157), Холандија (131), Ирска (129), како и Австрија и Шведска (127). БДП на Словенија изнесува 84 отсто од европскиот просек, а потоа следат Словачка (73), Унгарија (66), Турција (52)  и Романија (49).

Бруто домашниот производ спроед паритетот на куповната моќ се смета за еден од најрелевантните индикатори за богатството на граѓаните на одредена држава.

Постојат големи разлики во животниот стандард на граѓаните меѓу земјите членки на Европската унија. Така, стандардот на граѓаните на Луксембург минатата година беше околу шест пати поголем од оној на Бугарија и Романија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени