27 Април, 2024
0.0317

ГРАЃАНИ ДОЦНА СИНОЌА ПРИЈАВИЛЕ ИСКОРНАТА ОГРАДА ОД НАДВОЗНИКОТ ВО ГЕ-ГЕ - од ЦУК интервенирале уште на полноќ, најдено е привремено решение

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по стигната дојава од совесни граѓани доцна синоќа, пред полноќ, како што информираат, презеле координативни активности преку Секторот за операции и координација и регионалните центри на ЦУК за отстранување на опасноста на мостот - надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Општина Ѓорче Петров.

„Конкретно, по добиената информација за искорната ограда и „одбрусен“ – паднат страничен дел од мостот - надвозник веднаш е стапено во контакт со лицата за контакт од Општина Ѓорче Петров, при што бил добиен одговор дека најбрзо што може ќе преземат мерки и од нивна страна местото ќе биде обележано и обезбедено.

Притоа, информирале дека надлежноста за санација на мостот била на Град Скопје. Затоа, од страна на ЦУК е стапено во контакт со надлежните во Град Скопје, при што во многу краток рок екипа на градското јавното претпријатие „Улица и патишта“ излегло на терен и итно го санирало оштетувањето, но привремено, за веднаш да се отстрани опасноста по граѓаните. Тие информирале дека, според нивните оперативни процедури, потоа ќе следела нивна поопсежна акција и работа за целосно санирање на мостот – надвозник. Од утрово од увидот на лице место, согласно повратната информација до ЦУК, тие информираа за поставените привремени предупредувачки и заштитни бариери, а и со фотографија, за состојбата“, велат ЦУК во своето соопштение. 

ЦУК, во оваа прилика, изразува благодарност за добрата соработка со институциите од Општина Ѓорче Петров и од Град Скопје, коишто согласно стандардните оперативни процедури, многу брзо ја отстранија опасноста за граѓаните, согласно заедничката координација остварена преку ЦУК и СОК, како сериозни делови од Системот за управување со кризи (СУК).

„Неодминливо, при ова информирање е да се напомене и дека граѓаните, самоорганизирани во „фејс“ групата Мое Ѓорче, покажаа голема одговорност за колективната безбедност во нашата средина, со правовременото и јасно информирање за опсноста на мостот - надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Оштина Ѓорче Петров“, се вели во информацијата од ЦУК.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце