Граѓани и натаму добиваат двојни исплати на МојДДВ, кои потоа треба да ги враќаат
Објавено во: Економија 20 Мај, 2021 13:44
Граѓани на социјалните мрежи реагираат дека и во тековниот циклус добиваат двојни исплати преку системот МојДДВ од Управата за јавни приходи.
Граѓаните се збунети, бидејќи УЈП сè уште нема воведено стандардна процедура што може граѓанинот да направи во ваков случај, веднаш штом ги добие парите на својата трансакциска сметка.
„Мој ДДВ вторпат по грешка ми е исплатен, а потоа преку мејл ме известија дека треба да го вратам назад со пополнување на уплатница во банка, а за провизија требаше да платам 13 денари“, реагира еден од многуте граѓани.
Инаку во февруари имаше граѓани кои добија поврат по два пати. Дел од нив ги вратиле парите, на соатнатите ќе им биде задржан износот сега.
„Граѓаните на кои во февруари им се исплати поголем износ, ги вратија уплатените средства, а на оние граѓани кои не ги вратија ќе им биде задржан износот за поврат кој го очекуваат се` до целосна наплата на повеќе исплатениот износ, велат од УЈП.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




