21 Ноември, 2024
0.0572

ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА ЗНААТ: Што е јонизирачко зрачење, јадеме ли озрачена храна, како да ја препознаете

Објавено во: Економија 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Изложувањето на храната со јонизирачко зрачење (гама зраци, Х зраци) е се почесто. 

Храната се третира со јонизирачко зрачење за да се уништат штетните бактерии, габите и паразитите, да се продолжи рокот на траење на овошјето и зеленчукот, да се стерилизираат одредени пакувања и за многу други намени. Важно е да се потенцира дека оваа храна не е радоактивна.

Третирањето на храната со јонизирачко зрачење овозможува уништување на микроорганизмите, бактериите, вирусите, инсектите и токсините. 

Веќе се третира месо, овошје, зеленчук, кикирики, лешници и уште што ли не.

За да се одобри третирањето на храната со јонизирачко зрачење потребно е да се  исполнети следните услови:

  • да има оправдана технолошка потреба,
  • да не претставува опасност за здравјето и се врши според предложени услови
  • да  e корисно за потрошувачот,
  • да не се употребува како надоместок за хигиенска и добра производна или земјоделска практика. 

Храната или состојките во храната третирани со јонизирачко зрачење треба да се означат со зборовите „третирана со јонизирачко зрачење“.

“За прв пат оваа година Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши задолжителни испитувања на тоа дали и која храна  во Република Македонија е третирана со јонизирачко зрачење, како една од технологиите за продолжување на рокот на производите, која според законските прописи во Република Македонија задолжително треба да биде означено. Почнати се контролите за чаевите и зачините, од домашно производство и од увоз. Ова се дел од обврските кон Европската унија од Поглавјето 12, кои се однесуваат на прашањата дали во Република Македонија има капацитети за јонизирачко зрачење на храната и дали се вршат контроли од овој тип. Како институција, имаме можност да вршиме мерење и детекција на храната третирана со јонизирачки зраци, но, засега во нашата држава нема капацитети за ваков третман на производите” – рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов уште во февруари а увезената храна ќе се проверува со помош на опрема од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена.

Според Institute of Food Technologies, озрачената храна е внимателно изложена на точно измерени количини на енергија (Х или гама зраци). Станува збор за јонско зрачење, а процесот се нарекува ирадијација. Со оваа постапка се зголемува сигурноста на храната бидејќи јонизациското зрачење ги разбива ДНК молекулите во микроорганизмите кои можат да се најдат во храната, со што го спречува нивното понатамошно размножување.

Поголемите количини на енергија се ефикасни во уништување на бактериите како салмонела и ешерихија коли, а уште поголемите количини енергија ги уништуваат спорите на микроорганизмите и ја одржуваат храната сигурна, во одредениот рок на траење.

Стручњаците тврдат дека оваа постапка е сосема безбедна и во никој негативен случај не ги менува нутритивната, биолошката и хемиската безбедност на храната.

Како да ја препознаете ваквата храна?

Многу лесно. Производителите на храна кои го практикуваат овој процес, своите производи ги означуваат со зеленото лого наречено Радура кое е прикажано на фотографијата подолу.


Граѓаните мора да знаат дали јадат зрачена храна

Македонците не знаат дали јадат храна што е озрачена, т.е. третирана со јонизирачко зрачење. Иако звучи опасно, научниците велат дека станува збор за безбедна храна. За да не се третира со пестициди или со адитиви, како конзерванси, кои ќе ѝ го продолжат рокот, храната контролирано се зрачи, па така се прави вид на студена пастеризација или стерилизација. Светот, пак, определил потрошувачот да има информација што јаде и сам да избира дали ќе купи производи со адитиви, органски или третирани со јонизирачко зрачење, па затоа тоа мора да биде наведено на декларацијата или на амбалажата на храната. За да ја имаме вистинската информација дали јадеме озрачена храна наскоро производите од увоз ќе се проверуваат во лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто