07 Октомври, 2024
0.0342

Граѓаните отсега ќе знаат колку пари трошат функционерите

Објавено во: Македонија 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Денес на прес-конференција во Владата на Република Македонија, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, ја презентираше Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.

„За првпат од осамостојувањето на земјава, јавноста ќе има увид во трошењето јавни пари од функционерите во Владата. Воведувањето на алатката- отчетност за трошоците на владината веб страна ги дава податоците за тоа колку и за што 60 функционери ги трошеле парите на граѓаните“, изјави министерот Поповски.

Софтверското решение на алатката овозможува лесно да се пребарува низ трошењата на функционерите и да се прави споредба на трошоците на државните службеници, по типови на трошоци и во различни временски интервали. Алатката од денеска е достапна пред целата македонска јавност на веб-страницата на Владата на РМ, односно на следниов линк.

„Денеска пред јавноста во Република Македонија излегуваме со уште една активност за која ветивме дека ќе биде само една од пакетот мерки што ќе овозможат одговорна власт која работи транспарентно и отчетно. Основата на отворената, транспарентна влада лежи во можностите на јавноста за пристап до информации како основно право на граѓаните бидејќи и тие, информациите, им припаѓаат на граѓаните“, истакна Поповски во Владата на РМ.

Анализата на софтверот покажува дека за шест месеци Владата предводена од Зоран Заев во периодот од 1-ви јуни до 1-ви декември 2017-та, вкупно потрошила 355.942 евра што е двојно помалку од потрошеното од Владата предводена од Никола Груевски во периодот од 1-ви јуни до 1-ви декември 2014-та година, кога биле потрошени 730.242 евра, вели Поповски.

Поповски апелираше до функционерите кои користат државни пари во работењето, односно од локална самоуправа, пратеници, обвинителство, регулаторни комисии да го следат овој пример. Тој додаде дека е многу битно користењето на наративниот дел од софтверот, во кој треба текстуално да се опише за што биле потрошени парите. 


Можеби ќе ве интересира

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника