06 Октомври, 2024
0.1547

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Арбен Таравари, вети дека ќе ја расветли вистината за смртта на 14-месечното бебе, кое неодамна почина на Клиниката за детски болести. Овој трагичен настан предизвика сериозни прашања за здравствениот систем, откако семејството на девојчето јавно ги обвини здравствените власти за негрижа. Според изјавите, детето неколку пати било вратено од Клиниката, што потенцијално го влошило неговото здравје.

„Вратено било за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште од денес да судам како било. Дозволете соодветните органи во државата да испитаат се во детали. На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Комисија за истрага и инспекциски надзор

Министерството за здравство веќе има ангажирано стручна комисија која ќе го испита случајот, а ќе биде спроведен и вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Дополнително, инспекторите ќе извршат проверки на Клиниката за детски болести, како и во болницата Козле, од каде бебето било препратено во тешка состојба.

„Со ДСЗИ формираме стручна комисија која веднаш ќе постапи за да ги собере сите информации и на крајот судот ќе одлучи каде лежи вината,“ објасни министерот.

Фатална респираторна инфекција

Бебето починало од тешка респираторна инфекција, откако било пренесено во критична состојба од болницата Козле на Детската Клиника. Според медицинските извештаи, детето било во многу тешка состојба, со засегнати витални функции и отежнато дишење. И покрај напорите на дежурните лекари, смртта настапила неполн час по приемот. Телото на бебето е предадено на обдукција за понатамошни анализи.


Можеби ќе ве интересира

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“