29 Март, 2025
0.0449

ГРАЃАНИТЕ ПОЧНАА ДА КУПУВААТ УКРАСИ И ЕЛКИ: Koлку пари одвојуваат за декорирањето на домот?

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2024 07:40

Добивај вести на Viber

Граѓаните купуваат елки и украси со цел да го разубават домот по повод претстојните празници, Нова година и Божиќ. Во салоните за подароци, има голем избор на украси и тоа по различни цени. Елки  има во различни големини, oд минијатурни до грандиозни, од класични до модерни, буквално за сечиј џеб. Од салоните за подароци, велат дека граѓаните за да го декорираат домот, најскромно би потрошиле 50 евра, но има и луѓе кои трошат многу повеќе.

„Елките чинат од 1.100 до 18.000 денари. Има и луѓе што бираат поскапи елки. Купувањето на елките почнува сега и пикот е до 19 декември“, велат од салон за подароци во Скопје.

Се продаваат и шапки, дедомразовци, венчиња, новогодишни свеќи, чинии, чаши и друго.

„Кај нас елките чинат од 2.200 до 7.400 денари. Луѓето најмногу ги купуваат оние елки од 1.5 или 1.8 метри. Овој период обично граѓаните почнуваат да набавуваат елки“, додаваат од продавница за подароци во Пробиштип.

Природните елки се продаваат по цена од 1.400 до 4.000 денари. Луѓето ги купуваат, ги користат за декорирање на домот и потоа ги садат во дворот.

„Веќе 4 години ја користам истата елка, а кога  купувам украси, трошам до 2.000 денари“, објаснува Виолета Јовановиќ, граѓанка.

Друга жена вели дека приоритет дава на квалитетот при купување.

„Јас си имам елка, но лампиони купувам секоја година. Кога ја купував елката, бирав да е поквалитетна и да трае. Вчера ја накитивме и децата се навистина среќни. Лампиони и украси докупувам секоја година“, додава Наташа Денковска, граѓанка.

Но, има и луѓе кои украси нарачуваат од странство.

„Секоја втора година купувам нова елка. Дали ќе биде голема или мала, зависи од желбата на децата. Купуваме и лампиони, и сијалички. Не сум пресметувала колку трошам за украси, а го купувам она што ќе ми се допадне. Си нарачувам од странство. Украсувањето носи еуфорија и пријатни чувства“, вели штипјанка.

Елките ги красат домовите и во текот на јануари, месец полн со празници. Некои општини доделуваат и награди за најубаво украсените дворови пред Нова година. Секоја година, најмалку 50 милиони новогодишни елки се испорачуваат на клиентите во Европа. Полска е еден од најголемите производители на новогодишни елки во Европа, а големо производство има и во Австрија и во скандинавските земји.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ЕКОНОМСКАТА ПРЕДНОСТ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Во 2.00 часот по полноќ стрелките на часовникот одат еден час напред

КОЈА Е ЕКОНОМСКАТА ПРЕДНОСТ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Во 2.00 часот по полноќ стрелките на часовникот одат еден час напред

НЕВРЕМЕТО ВЧЕРА НАПРАВИ ПУСТОШ: Поројни дождови, град и силен ветер низ повеќе градови и села

НЕВРЕМЕТО ВЧЕРА НАПРАВИ ПУСТОШ: Поројни дождови, град и силен ветер низ повеќе градови и села

ПО ПОЛНОЌ СТАПУВА И ЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА ЛЕТАЊЕ ОД СКОПСКИОТ АРЕРОДРОМ: Ќе пристигне Изиџет на 2. април, а од мај повторно ја имаме Барселона

ПО ПОЛНОЌ СТАПУВА И ЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА ЛЕТАЊЕ ОД СКОПСКИОТ АРЕРОДРОМ: Ќе пристигне Изиџет на 2. април, а од мај повторно ја имаме Барселона

„КОГА ЗАМИНУВААТ ТИЕ НА ОДМОР, НИЕ ДОАЃАМЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО“ - „КОЈ Е СЛЕДЕН“ ПОВИКУВА НА МАСОВНОСТ: Во 11 часот денеска ќе кажат кои се барањата

„КОГА ЗАМИНУВААТ ТИЕ НА ОДМОР, НИЕ ДОАЃАМЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО“ - „КОЈ Е СЛЕДЕН“ ПОВИКУВА НА МАСОВНОСТ: Во 11 часот денеска ќе кажат кои се барањата

„ООО ВИЕ ВИЧНИ ОБВИНИТЕЛСКИ КАПИТАЛЦИ“: Адвокатот Сашо Дукоски не може да се дочуди на правната неписменост на обвинителите од Кочани

„ООО ВИЕ ВИЧНИ ОБВИНИТЕЛСКИ КАПИТАЛЦИ“: Адвокатот Сашо Дукоски не може да се дочуди на правната неписменост на обвинителите од Кочани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено е обвинение против Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поднесено е обвинение против Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на Партизанска

(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Паѓаат обилни дождови

(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Паѓаат обилни дождови

(ВИДЕО) БОРЧЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Раскажа како се спасил

(ВИДЕО) БОРЧЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Раскажа како се спасил

ОСОМНИЧЕНИ СЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Ратко Димитровски и Николчо Илијев остануваат во куќен притвор

ОСОМНИЧЕНИ СЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Ратко Димитровски и Николчо Илијев остануваат во куќен притвор