01 Април, 2025
0.0290

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Објавено во: Економија 28 Март, 2025 10:42

Добивај вести на Viber

Винарската визба „Тиквеш“ треба да гарантира пред Халк банка за 12,5 милиони евра кредит што ќе го земе фирма во која управители се првиот човек на „Тиквеш“ и негов постар син. „Тиквеш“ е успешна домашна компанија со силна извозна компонента. Но факт е и дека „Тиквеш“ има кредитни обврски кои надминуваат 20 милиони евра, а на нив лани винарската визба плати камати од 869.000 евра

Акционерите на најголемиот и најпознат производител на вино во Македонија треба да одлучат дали „Тиквеш“ ќе гарантира за банкарски кредит вреден 12,5 милиони евра на фирмата М-6 ЕДЕН ДОО Скопје. Ова е најновиот предлог што ќе се најде на дневен ред на претстојното акционерско собрание закажано за 29 април годинава.

Два аспекти го привлекуваат вниманието на инвеститорската заедница кои произлегуваат од објавената предлог одлука за ова акционерско собрание. Првиот аспект е тоа што познатиот македонски бизнисмен Светозар Јаневски се јавува како овластен претставник на „Тиквеш“, поточно претседател на Управниот одбор, а воедно и истовремено е и управител на фирмата за чиј кредит ќе гарантира „Тиквеш“.

Вториот аспект е во тоа што другиот управител во М-6 ЕДЕН ДОО е Јане Јаневски, синот на Светозар Јаневски.  

Според официјалните податоци јавно достапни во базата на Централниот депозитар за хартии од вредност, винарската визба „Тиквеш“ има еден доминантен сопственик. Тоа е друштвото М-6 ДОО од Скопје. Тоа одлучува самостојно за сите деловни зафати на „Тиквеш“ затоа што поседува 80,1 отсто од акциите. Ко-основач на тоа друштво, заедно со други членови на врвниот менаџмент, беше Светозар Јаневски како предводник на менаџерскиот тим на Пивара Скопје. По извонредниот успех со скопскиот бренд проиводител на освежителни пијалоци и пиво Јаневски и неговиот тим го превзедоа кавадаречкиот вински гигант „Тиквеш“.

Под нивна управа „Тиквеш“ помина процес за преструктуирање, оптимизација и континуирана инвестициска офанзива. „Тиквеш“ има изразена извозна компонента и неговиот менаџмент активно и континуирано работи за зголемување на неговото пазарно учество во премиум сегментот во продажба на флаширани вина како регионално така и континентално.

Според неревидираниот биланс за 2024 година обврските на „Тиквеш“ изнесуваат 33,5 милиони евра и се зголемени за 26 отсто во споредба со 2023 година. Од тоа над 20 милиони евра се обврски по долгорочни кредити.

 Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ЕПЛ КАЗНЕТ ВО ФРАНЦИЈА - треба да плати 150 милиони евра

ЕПЛ КАЗНЕТ ВО ФРАНЦИЈА - треба да плати 150 милиони евра

„ВЛАДАТА ДА ЗАСТАНЕ НА СТРАНА НА РАБОТНИЦИТЕ“: ССМ во среда излегува на протест

„ВЛАДАТА ДА ЗАСТАНЕ НА СТРАНА НА РАБОТНИЦИТЕ“: ССМ во среда излегува на протест

НАФТАТА ПОСКАПУВА ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД - стравувања од тарифна војна вршат притисок врз „црното злато“

НАФТАТА ПОСКАПУВА ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД - стравувања од тарифна војна вршат притисок врз „црното злато“

ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ - Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ - Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК - се продавале на пазар за стари работи, изречена казна

АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК - се продавале на пазар за стари работи, изречена казна

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПОПУЛАРНО ЧОКОЛАДО ВО ГЕРМАНИЈА - може да содржи метални делчиња, сите кои го купиле да го вратат

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата