ГРАЃАНИТЕ ПРЕКУ БУЏЕТОТ ЌЕ ЈА ПЛАТАТ ЦЕНАТА: МЕПСО добил 4 предупредувања, секојдневно влече струја за стотици илјади евра

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2021 07:53
Ќе мора ли да интеревенира Владата финансиски и да го помогне МЕПСО наскоро ќе стане јасно, но извори на Фактор тврдат дека се поизвесно е дека од буџетот ќе се надоместуваат средствата за струјата која електропреносниот оператор ја влече секојдневно за да ги надомести потребите дома. Изворите на Фактор потврдуваат дека МЕПСО добил четири предупредувања од меѓународната контрола во Швајцарија досега. Пред извесно време и директорот Куштрим Рамадани потврди дека има укажување од контролорот, а досега се веќе четири пати.
Европа предупредува поради тоа што МЕПСО влече поголема количина струја од мрежата, а во услови кога домашното производство е минимално. Приватните снабдувачи речиси и да не купуваат струја од надвор.
Земјава е во лоша енергетска ситуација и ги трпи последиците од проблемите на меѓународниот пазар. Во обид да го надомести производство Владата одлучи да набави јаглен за РЕК Битола и за ТЕЦ Неготино, но тендерот за најголемиот производител во државата, РЕК Битола пропадна.
Иако дел од експертите велат дека се можни рестрикции од Владата уверуваат дека тоа нема да се случи. Сепак струјата најверојатно ќе треба да посакпи веќе следната година.
Сања Божиновска енергетски експерт за Фактор изјави дека состојбата со термо блоковите е катастрофална.
„Блокот 3 е надвор од функција. Блокот 2 нема јаглен за работа и работи со максимална потрошувачка на мазут и малку јаглен со половина моќност на граница на технички минимум. Блок 1 е исклучен од погон поради тоа што нема јаглен и енормна потрошувачка на мазут со максимум од сите осум мазутни бренери и така се трошат 16 тони мазут на час и оптеретување од 120 MW. На 11.10.2021 година е исклучен од погон затоа што технолошкиот процес не дозволува таков режим на работа. Термо блоковите не се квалитетно ремонтирани, котлите не се довршија со модернизацијата, десулфуризацијата не е направена, ниту еден проект за подобрување и одржување на опремата и заштита на животната средина не се реализира.Состојба вообичаена во последните 5 години, каде што имаме повеќе хавариски ситуации, отколку нормален производствен процес, рече таа
Кочо Анѓушев, сопственик на „Фероинвест“ и поранешен вицепремиер за економски прашања за Фактор вели дека ситуацијата со снабдување со струја во светот, а пред се во Европа, е многу сериозна.
„Македонија е мала и небитна. Сериозна е ситуацијата во светот, односно во Европа. Македонија ниту може да влијае негативно, ниту позитивно, туку едноставно ќе ја дели судбината на цела Европа, и тоа се последиците кои ќе ги дели и Македонија. А последиците се знае кои се, ќе се зголеми цената на електричната енергија. Цената на електричната енергија сега се држи заради тоа што ЕСМ дава евтина енергија во системот, ама тоа не може да биде неограничено. Значи, со тек на време, а кога не знам, струјата ќе мора да поскапи. Следно е дека индустријата ќе мора да плаќа поскапа енергија бидејќи е на слободниот пазар. Таа цена ќе се вкалкулира во секој производ, зависи со колкав процент во кој производ учествува струјата, некаде е 40 отсто, некаде е пет отсто. Тоа нормално ќе влијае врз цените на крајните производи, рече Анѓушев во разговор за Фактор.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ
