ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА НАЈЛУДАТА НОЌ: Се изнајмуваат викендички и станови преку социјалните мрежи, агенциите за недвижности со инцидентни барања за прослави
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2020 13:14
На социјалните
мрежи веќе има барања за изнајмување станови и викендички за прослава на
новогодишната ноќ и тоа за повеќе од 10-тина луѓе. И покрај апелите на
здравствените власти овие празници да поминат во многу помирна атмосфера и само
со најблиските, сепак помладите генерации сакаат журки и забави за најудата
ноќ.
Од неколку агенции за недвижности со кои контактираше Фактор велат дека генерално оваа година ваквите барања се прават преку социјалните мрежи, а не преку агенциите.
-Прв пат оваа година барањата за изнајмување станови или викендички за претстојните празници се сведени на минимум. Има инцидентни барања и тоа главно од помлади луѓе, но многу помалку за разлика од изминатите години. Телефоните практично не престануваа да ѕвонат од почетокот на декември, сега не е така. Оваа година побарувачката е префрлена на социјалните мрежи, велат за Фактор од агенцијата за недвижности „Импулс“.
Инаку, здравствените власти апелираат новогодишните и божикните празници да се поминат само во кругот на семејството со цел да не се случи во средината на јануари повторно да има огромен број на новозаразени со корона вирусот. Со цел да се спречи ширењето, Комисијата за заразни болести в понеделни ќе разгледува и евентуално нови порестриктивни мерки кои ќе се однесуваат првенствено на работењето на кафеаните и кафулињата за време на празниците.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




