10 Декември, 2025
0.0393

ГРАЃАНИТЕ УПЛАЌААТ АРАНЖМАНИ ЗА НОВА ГОДИНА: Koи европски дестинации се најпопуларни за дочекот на 2026 година?

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2025 08:36

Добивај вести на Viber

Граѓаните веќе уплаќаат патувања за Нова година, а најбарани дестинации се европските, Виена, Париз, Рим, Барселона. Истанбул исто така е меѓу топ дестинациите за Македонците. Оние со поскромен џеб, Новата година ќе ја дочекаат во регионот, во Србија или Црна Гора. Како и да е, најевтините патувања се од 100 евра па нагоре. Оние кои сакаат да патуваат подалеку, ќе одвојат повисока сума.

„Има интерес за повеќе дестинации, за Истанбул, Будимпешта, Букурешт, Рим, Париз, Мадрид, Кипар. Луѓето веќе уплаќаат, а во декември ќе има уште поголем интерес. Зависи кој колку сака да потроши, секој се организира според буџетот. Аранжманите се од 109 евра па нагоре до 600-700 евра, зависи дали патувањето е авионски или автобуски.  Обично одат на места каде не биле, а влијаат и социјалните мрежи, и репортажите за одредени места“, велат од туристичката агенција Атлантис од Скопје.

Во месец ноември, како што велат од агенциите, патување уплаќаат оние кои се побогати, но и луѓето кои припаѓаат на средната класа, а се страстни љубители на патувањата.

„За Малта има интерес, за  Барселона, Мадрид и Романија. Моментално тие се најпопуларните дестинации. Цените се од 219 до 500 евра. Има промени кај интересот за патување. Некогаш парите се фактор, а некогаш близината, дали се работи за автобуски, авионски превоз. Доколку е авионски е поскапо, а со автобуски превоз е поевтино. Скоро се пополнети аранжманите“, додаваат од агенцијата Ариес од Битола.

Агенциите имаат богата понуда на дестинации кои луѓето можат да ги посетат за најлудата ноќ.

За Нова година најголем интерес има за Виена, Истанбул, Белград, Милано. Имаме и авионски програми, тие се барани, Мадрид, Барселона, имаме над 15 програми, ги нудиме и Дубаи, Египет. Европските дестинации најмногу ги бараат. Луѓето најмногу одат на дестинации каде што претходно не биле, сакаат нови мести. Цените се солидни и за авионски и за автобуски аранжмани. Веќе има уплати за Нова година, но и за продолжен викенд за 8-ми Декември. Програмите ги објавуваме 6 месеци однапред и имаме рани резервации. Луѓето си планираат, си имаат план за патување и однапред им е испланирано каде ќе одат за Нова година, за 8-ми Март или за Велигден.  Имаме програми и за Сараево, Будимпешта, Азурен Брег, Прага, Будва, Солун, Кавала, Херцег Нови, Котор, Андалузија, Бари, Париз, Анталија, Палермо, Неапол, Рим, Јордан“, рече Даниела Трифуновска од агенцијата Ви Травел од Струмица.

Има најразлични рангирања на дестинации кои се најдобри за дочекот на 2026 година. Градови кои се најдоа на ваквите листи се Лондон, Париз, Сиднеј, Рио де Жанеиро, Токио, Сингапур. Ако гледаме само на ниво на Европа, препорачани дестинации се Амстердам, Прага, Краков, Париз, Барселона, Рим, Венеција, Париз, Берлин, Рејкјавик, Даблин.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини

Кацарска: Кој го намести Мицкоски за изјавите за пензиите?

Кацарска: Кој го намести Мицкоски за изјавите за пензиите?

Денеска продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани

Денеска продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани

ВО МИНАТОТО МАКЕДОНСКОТО ДОМАЌИНСТВО ВО ПРОСЕК БРОЕЛО 5, А ДЕНЕС 3 ЧЛЕНА: Ова е податок што треба да нѐ загрижува

ВО МИНАТОТО МАКЕДОНСКОТО ДОМАЌИНСТВО ВО ПРОСЕК БРОЕЛО 5, А ДЕНЕС 3 ЧЛЕНА: Ова е податок што треба да нѐ загрижува

„ИНАКУ, 20.000 ФУНТИ СЕ ОКОЛУ 2.000 ПРЕКРШОЦИ ОД ПО 51 КИЛОМЕТАР НА ЧАС“: Макрадули вели, наместо мигранти, да се намали брзината за казни на 25/26

„ИНАКУ, 20.000 ФУНТИ СЕ ОКОЛУ 2.000 ПРЕКРШОЦИ ОД ПО 51 КИЛОМЕТАР НА ЧАС“: Макрадули вели, наместо мигранти, да се намали брзината за казни на 25/26

„ВРЕМЕ Е БУГАРИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО УСТАВОТ“: Најчевска вели тоа да е во замена за почеток на разговори за штетите од Бугарија од Втората светска војна

„ВРЕМЕ Е БУГАРИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО УСТАВОТ“: Најчевска вели тоа да е во замена за почеток на разговори за штетите од Бугарија од Втората светска војна

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци