15 Декември, 2025
0.0456

Граѓански организации ќе вршат мониторинг како општините ги трошат буџетите

Објавено во: Мои пари 22 Јули, 2014 12:58

Добивај вести на Viber

Од почетокот на месецот, десет локални граѓански организации почнаа со мониторинг на буџетските процеси на сите 80 општини, во рамките на проектот „Коалиција за буџетски мониторинг“, финансиран од Европската Унија. Оваа коалиција е иницирана и предводена од Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Форум ‐ Центар за стратегиски истражувања и документација (ЦСИД), организации кои во минатите години реализираа неколку иницијативи поврзани со истражувања и активности од областа на фискалната транспарентност на централната и локалните власти во државата. Проектот има за цел унапредување на буџетската транспарентноста и отчетност на единиците на локална самоуправа преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации во носењето на одлуки за трошење на јавните пари, преку мониторинг и евалуација на процесот на буџетирање. Организациите кои ќе го спроведуваат мониторингот во општините се: ‐ За Источен плански регион – Фондација за развој на локалната заедница, Штип ‐ За Вардарски плански регион – Фондација Фокус, Велес ‐ За Југоисточен плански регион – ЕХО Едукативно‐хуманитарна организација, Штип ‐ За Полошки плански регион – Младинска алијанса, Тетово и Центар за едукација и развој, Теарце ‐ За Североисточен плански регион – Центар за ромска заедница ДРОМ, Куманово ‐ За Југозападен плански регион – Здружение Центар за одржлив развој на заедницата, Дебар ‐ За Пелагониски плански региoн – Женска граѓанска иницијатива КЛЕА, Битола ‐ За Скопски плански регион – Акција Здруженска, Скопје и ЗИП Зери и популит Институт, Скопје Овие организации во изминатиот месец беа обучувани од страна на експерти за буџетска транспарентност, а во следните 12 месеци, со менторство од ЦЕА и Форум ЦСИД, ќе објавуваат месечни и квартални извештаи за буџетската транспарентност на општините и ќе учествуваат во јавните презентации на наодите и препораките од овие извештаи, кои ќе се организираат во 20 поголеми општини. Извештаите на мониторите, како и сите активности организирани во рамките на Коалицијата за буџетски мониторинг, можат да се видат на веб страната www.kbm.mk. Проектот се спроведува со финансиска помош од Европската Унија, како дел од програмата IPA Civil Society Facility (CSF) 2012‐2013.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија