Граѓани пријавувале сомнителни банкноти во Народна банка
Објавено во: Финансии 06 Мај, 2018
Народната банка лани извршила експертиза на 485 сомнителни денарски бакноти, при што било утврдено дека 83 бакноти се оргинални додека останатите 402 книжни пари биле фалсификувани.
Во вкупниот број фалсификувани денарски бакноти најзастапени биле книжните пари од
500 денари (231 парче) или 57,5 отсто од вкупниот број бакноти, потоа следат бакнотите
во апоени од 1.000 денари (106 парчиња) и фалсификатите од 100 денари(55 парчиња).
Вкупната вредност на откриените денарски фалсификати лани била 231.660 денари.