14 Декември, 2025
0.0410

Гранатирано училиште во Газа, најмалку 16 загинати

Објавено во: Свет 30 Јули, 2014 10:27

Добивај вести на Viber

Најмалку 43 Палестинци загинаа утрово во израелските напади врз Појасот Газа, меѓу кои и 16 жртви во гранатирано училиште основано од Обединетите нации, соопштија медицински претставници. Во гранатирањето рано утрово загинале 16 лица во училиштето кое се користи и како засолниште за раселените, потврдил претставник на Обединетите нации. Со ова, бројот на загинати Палестинци во израелската офанзива се искачи на 1.260. На израелска страна загинаа 53 војници и тројца цивили. Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (UNWRA) соопшти дека повеќе од 200.000 Палестинци се засолниле во училиштата и зградите на Обединетите нации по повикот на израелската војска до цивилното население во Газа да ги напушти домовите заради воените операции. Во едно од училиштата биле пронајдени ракети, но засега не е потврдено кој таму ги оставил. „Ја обвинуваме групата или групите кои доведуваат во опасност цивили, криејќи муниција во овие училишта. Тоа е уште едно флагрантно кршење на неповредливоста на нашите простории. Ги повикуваме завојуваните страни да го почитуваат имотот на ОН“, изјави портпаролот на Агенцијата Крис Ганес. Во меѓувреме, египетските посредници, кои се обидуваат да придонесат за прекин на непријателствата, подготвуваат промени во својот мировен план. Вториот канал на израелската телевизија јавил дека има извесен напредок во настојувањата да се постигне договор.

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела