27 Ноември, 2024
0.0887

„ГРАНИТ“ ЌЕ ЈА ГРАДИ ОБИКОЛНИЦАТА НА ТЕТОВО - компанијата објави зделка од над 12 милиони евра

Објавено во: Економија 20 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Една од домашните најреномирани градежни компании „Гранит“ ја извести инвеститорската јавност за голема зделка.

Имено, компанијата влегува во проект од кој ќе оствари приход од над 12 милиони евра, што укажува на тоа дека има сигурна работа и приносен бизнис во наредниот период.

Практично, „Гранит“ ќе работи на изградба на обиколницта на Тетово преку клучката Требош до Непроштено, и тоа во фазата 1, а вредноста на овој договор со вклучен ДДВ, како што известиле од компанијата, ќе изнесува над 752 милиони денри, или 12,23 милиони евра.

„Согласно член 33 од Правилата за котација известуваме дека ГД Гранит АД Скопјена ден 19.09.2023 година склучи договор со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на обиколницата на Тетово преку клучката Требош до Непрошетно ( фаза 1 ). Вредноста на договорот со вклучен ДДВ изнесува 752.077.712 денари“, соопштија од компанијата преку Македонската берза.

Фактор се интересираше за повеќе детали околу овој договор, дали е тој дел од коридорите 8 и 10Д на кои се ангажираше странската компанија „Бехтел и Енка“, но и како дојде до реализација на овој проект. За таа цел стапивме во контакт со компанијата, од каде добивме повеќе детали.

Од „Гранит“ за Фактор велат дека станува збор за идеја на Јавното претпријатие за државни патишта, на која се работи од пред две до три години, за изградба на нова обиколница со која ќе се растовари сообраќајот во Тетово.

Како што посочуваат од компанијата, тендерот требало да биде распишан уште минатата година, но од објективни причини, се реализирал годинава.

„Проектот е изработен од Градежен Институт на Македонија. Моментално е распишан тендерот за првата фаза, кој е добиен од ГД Гранит АД Скопје, а ќе следи тендер и за втора фаза“, објаснуваат од „Гранит“ за Фактор.

Додаваат дека овој објект не е дел од Коридорите 8 и 10, туку се работи за сосема независен проект.

На неодамнешната економска конференција во Скопје посветена на важноста на зачленувањето кон Европската унија, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека во земјава интензивно се градат бројни инфраструктурни проекти, што ќе даде шанса за иден развој на државата и ќе значи рестартирање на градежништвото.

„Речиси и да нема сериозна градежна фирма во земјава која не е ангажирана во овој момент. Сите имаат многу работа. Убеден сум дека ова е шанса за рестарт на економијата и за граѓаните и дека ќе се отворат многу работни места, а тоа инфраструктурно поврзување ќе даде бенефит во економијата“, рече Бочварски.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции