„Гранит“ прва македонска компанија која откри дека зема унгарски кредит и ја објави сумата
Објавено во: Економија 18 Ноември, 2025 07:50
Домашниот градежен гигант „Гранит“ е првата компанија која сама го објави своето име и добиената сума како апикант за финансиски средства од унгарскиот кредит.
Во образложението до „Македонска берза“ за остварениот резултат по изминатите девет месеци од годинава, акционерското друштво известува дека се подигнати три милиони евра од т.н.унгарски кредит.
„Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари - Септември 2025 година изнесуваат 184.205 илјади денари, од кои најголем дел во механизација и опрема кои се финансирани од комерцијалните банки преку унгарски подкредит“, известува „Гранит“.
Најверојатно недоволно големите реализации во капиталните инвестиции од државата се одразиле на годинешното работење на градежниот оператор кој во 2025 има за околу 30 отсто помалку приходи и трошоци. Од таму во образложението за остварени резултати додаваат дека активностите оваа година евидентно се намалени, но дека се очекуваат нови проекти, особено оние доделени од државата.
„Приходите од продажба за периодот Јануари - Септември2025 година изнесуваат 2.004.971 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024година бележат намалување за 30%, пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти на кои работеше Друштвото се завршени до крајотна 2023 година или во текот на 2024 година, додека нови проекти сеуште се во тендерска процедура“, истакнува „Гранит“.
Инаку тајна е кои фирми и колку пари земале од унгарскиот кредит, за кој се задолжи државата, а македонските граѓани ќе плаќаат камати следните 15 години. Ниту Владата ниту Развојната банка не откриваат податоци за приватните фирми. Единствено некаков интерес да ја испита оваа „логика“ покажа Државната комисија за спречување корупција.Од средината на мај Владата овозможи да се користат парите од кредитот кој државата го зема од Унгарија. Предвидено е дека 250 милиони евра ќе бидат финансиска поддршка за компании преку поволни кредити кои ќе ги земаат од комерцијалните банки, кои пак преку Развојната банка ќе ги користат парите од унгарскиот кредит.
Дел од опозицијата објави дека ги барала податоците за приватните компании кои ќе ги користат народните пари, и тоа по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но дека не ги добиле со образложение дека се работи за банкарска тајна.
За унгарскиот заем, Собранието на 17 септември лани изгласа посебен Закон по што на 8 октомври во Будимпешта се потпиша договорот.
Кредитите за компаниите се дел од милијарда евра заем кој Македонија го доби од Унгарија. Двесте и педесет милиони евра се за компаниите, исто толку за локалните власти, а 500 милиони за враќање стари заеми на државата.
Најголемиот износ кој една фирма може да го добие е 10 милиони евра По вид на инвестиција, речиси половина од исплатениот износ е за инвестиции во градежни фирми.А.К.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




